1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Накит од мов

Жив накит од мов - Овој необичен накит доаѓа од Исланд. Едно вакво парче накит чини почнувајчи од околу 150 евра. Исландскиот дизајн наидува на интерес кај муштериите.

Brosche Oktopus und Schmetterling: Gold, Barockperlen, Diamanten, Rubine, Amethyste, Topas, Email Entwurf Lucas von Cranach, Berlin, 1899/1900 Ausführung Louis Werner, Berlin, 1900; Deutschland/ 2012; Copyright: Schmuckmuseum Pforzheim/Günther Meyer***Pressebild nur für die aktuelle, themengebundene Berichterstattung( in Verbindung mit der Berichterstattung über die Ausstellung Die Perle in der Geschichte des Schmucks)***via Xenia Polska

Brosche Oktopus und Schmetterling

Живо парче накит: во овие прстени расте вистински мов. Градинарство и накит рака под рака. Овој необичен накит доаѓа од Исланд, островската држава од северниот поларен круг.

Дизајнерот Хафстеин Јулиусон на идејата дошол при посета на оранжерија:

„Таму го видов овој нус-производ како расте на цевките. Обично, него го собираат и го фрлаат. Помислив - ова е премногу убаво за да не се искористи за нешто друго“.

Наводно, мовта поседува посебна моќ. На овој природен производ му се припишува антисептичко, смирувачко и оздравувачко дејство. Во Исланд мов има на купишта. Но, Хафстеин Јулиусон брзо забележал дека за неговите дела не е погодна мовта на ритчињата и карпите на вулканскиот остров, туку онаа што расте во многуте оранжерии:

„Причината зошто се одлучивме за овој мов е што тој е густ и раскошен. Причината е што тој расте како нус-производ во стаклениците, на цевките со геотермална вода со кои се загреваат оранжериите“.

Дизајнерот во својата продавница во Рејкјавик. Мовта рачно се става во мини металната саксија. Накитот подоцна мора да биде негуван од новиот сопственик: на неколку недели мовта треба да се потсече и одвреме навреме да се наводни.

„Обично накитот трае околу две години. На муштериите им препорачуваме потоа да отидат во природа и да соберат нешто што им се допаѓа и како замена да го стават во малата саксија. Ако не го сакаат тоа, можат да ме контактираат и ќе им испратам нов исландски мов“.

Едно вакво парче накит чини околу 150 евра. Хафстеин Јулиусон продава 20 до 30 примероци месечно. Исландскиот дизајн е спореден производ, но наидува на интерес кај муштериите.

„Ми се допаѓа идејата да се стави нешто живо во метал,“ вели Хала Богадорир , муштерија.

Посебното во живиот накит од Исланд е поврзницата меѓу луѓето и природата. За таа цел Хафстеин Јулиусон мора секои два месеци да оди во оранжериите за да обезбеди мов за своите идни колекции.