1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Назиф Мујиќ со адвокатка од Берлинале во битка за азил

Босанскиот актер-аматер на ланското Белинале доби Сребрената мечка во категоријата „најдобар актер“ за филмот на оскаровецот Денис Тановиќ. Триумфот по враќањето во БиХ беше заменет со гнев. Битката за азил продолжува.

Во прифатилиште за бегалци во Берлин, Назиф Мујиќ, Ром од Босна, неколку месеци се бори да добие дозвола за престој во Германија. Неговото барање за азил е одбиено, а на семејството му се заканува протерување. Сребрената мечка не им донесе среќа. Филмска ѕвезда без милиони на сметката? Тоа сонародниците во Босна не го сфатија.

„Штом ќе дојдев во дворот или на патот, доаѓаа со фотоапарати и со мобилни телефони и снимаа како превртувам канти, како сум облечен во валкани алиштата и се бришам од пот. Сето тоа го ставаа на Јутјуб“, објаснува Мујиќ.

Филмот „Епизода од животот на еден собирач на железо“ го третира секојдневниот расизам кон Ромите среде Европа. Без социјална помош, станува збор за борба за опстанок на семејството. Филмот сакаше да го сврти вниманието кон таквите судбини. Но, за Назиф Мујиќ лично ситуацијата се влоши.

„Јас и моето семејство сме измамени од страна на Босна и Херцеговина, а пред сѐ од Данис Тановиќ и неговата компанија“, вели Мујиќ.

Deutschland Familie Mujic im Zimmer im Flüchtlingsheim

Од ноември минатата година Назиф со семејството е во прифатен центар за бегалци во Берлин

Назиф Мујиќ веќе не гледаше иднина како собирач на старо железо во Босна, бидејќи дома беше исмеван. Сега се надева на помош од Берлиналето за сепак да може да остане во Германија.

„Не би бил лут, туку би бил премногу лут. Не би го чекал авионот, туку би земал јаже за овде да се обесам“, вели Мујиќ.

Босанските медиуми го напаѓаат Мујиќ дека ја драматизира ситуацијата. Нему наводно му биле нудени работни места, но тој ги одбивал. Берлиналето нему му ангажира адвокатка, која треба да го обнови барањето за азил.