1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Назадување на човековите права во Македонија

Назадување во областа на човековите права и концентрација на моќта, забележува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во Годишниот извештај за состојбата со човековите права за 2009 година.

default

Хелсиншкиот комитет денеска (02.07.10) во Скопје го презентираше Годишниот извештај за состојбата со човековите права во Македонија за мината година. Христо Ивановски, член на бордот на Хелсиншкиот комитет на прес-конференцијата рече дека од вонредните избори во Македонија досега има појава која сериозно ги загрозува елементарните човекови права. „Таа е поврзана со концентрацијата на моќта, пред се’ во владејачката структура и нејзините коалициски партнери“, рече Ивановски и додаде оти концентрацијата на моќта е феномен на македонското општество. Најголеми последици од концентрацијата на моќта, според Хелсиншкиот комитет има во судскиот систем, МВР, НВО секторот и медиумите.

Хелсиншкиот комитет има забелешки и за Избирачкиот список. Сугерира до следниот изборен процес во Македонија да се изврши негово ажурирање бидејќи, според нивна проценка во списокот има околу 150.000 лица кои се водат како гласачи, а се починати. Во Извештајот од 2009 година, се нотира и дека продолжува етничката поделба на општеството, која најмногу се гледа меѓу Македонците и Албанаците.

Адвокатот Тони Менкиноски рече дека во анализата има и дел кој се однесува на затворите и затворените институции. Тој најави дека Македонија ќе биде посетена годинава од Комитетот против тортура. На прашањето за тоа каква е состојбата во затворите и тортурата во Македонија, Менкиноски рече дека е загрижувачки што нема ниту еден македонски случај пред Судот во Стразбур за нехуман третман во овие институции. „Тоа укажува на нешто лошо. Ако немате ниту еден случај кој аплицирал пред судот, популацијата во овие институции воопшто не ги познава своите права како да ги спровде“, рече Менкиноски. Хелсиншкиот комитет ги поздравува напорите на Владата за подобрување на состојбите во затворите, кои се од материјален аспект, како изградба на нов затвор и нови затворски крила, но бара почитување на правата на осудените лица на квалитетна исхрана, право на вероисповед во затворите, право на медицинска заштита и осигурување.

Автор: АТ/ ЖА/ миа

Редактор: Жана Ацеска