1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Над дваесет напади во Ирак во рок од дваесет и четири часа

Повеќе од педесет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во новиот бран насилство што ги зафати ирачките градови во последното деноноќие. Одговорноста за нападите за сега не ја призема никој.

При нов бран насилство во Ирак најмалку 53 лица го загубија животот. Властите регистрирале повеќе од 20 напади. Најтешкиот напад се случи во близина на Амара, каде експлодираа две автомобил бомби на пазар во близина на шиитски споменик. Според лекарите загинале најмалку 16 лица, а повеќе од 60 биле повредени.

Autobombe Nassirija Irak Anschlag

Експлозија на автомобил бомба во Насирија

Во инцидентот, што се случил во градот Дуџаил, на 50 километри од Багдад, вооружени напаѓачи и атентатор самоубиец со автомобил нападнаа воена база и убија 11 војници. Во Насирија експлодираа две автомобил-бомби, а едната од нив пред францускиот конзулат. Полицијата информира дека во градот има тројца загинати. 

Уште четиринаесет лица загинаа во напад со автомобил бомба во главната канцеларија на државната нафтена компанија „Норт оил“, во близина на градот Киркук, во северниот дел на Ирак. Автомобил наполнет со експлозиви утринава експлодирал на паркинг пред зградата на компанијата, на 15 километри од Киркук. Загинатите биле сунити, кандидати за работа во службата за обезбедување на компанијата. Освен убиените, во експлозијата биле ранети 17 лица.

Autobombe Kirkuk Irak Anschlag

Експлозија на автомобил бомба во Киркук

Компанијата „Норт оил“ експлоатира нафтовод, што го поврзува Киркук со пристаништето Џејхан во Турција. Контролата врз богатиот со нафта регион на Киркук е причина за споровите меѓу владата во Багдад и автономниот регион Курдистан.

Денешните напади во регионот на Киркук веројатно се реакција на серијата напади од петокот, кога осум лица загинаа и над 70 беа ранети во нападите врз шиитски џамии, посочуваат американските медиуми.

Бомбашки напади имаше и во градовите Самара, Басра и Туз Хурмато, пренесоа агенциите.

Засега никој не ја презеде одговорноста за ниту еден од нападите од последните 24 часа.