1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Надрилекарството е кривично дело

Надрилекарство во Македонија е забрането и санкционирано со два закона - Кривичниот закон и Законот за здравствена заштита. Пациентите и натаму веруваат во се‘ и сешто.

default

Долго време проблем беше докажувањето на делата, но направени се измени, па сега за доказ се сметаат и рекламите. Весниците изобилуваат со огласи од типот: „Лекувам тумор со билки“, „Помагам со надарена моќ преку фотографија“, „Природен лек за неплодност“. Исцелителите ветуваат дека можат да лекуваат се‘ - од обични исчашувања до најтешки болести. Исцелителната моќ ја објаснуваат како наследство од некој свој предок или со

Medizin

Пациентите се фаќаат за сламка кога е во прашање здравјето

различни божји привиденија. Во лекувањето користат само билки и сопствената енергија.

„Ова што сум го излечил е тумор на глава, кој повторно се појавил после оперативен зафат. Лицето паднало, а со помош на билките повторно го вратив. Јас сум инаку инженер“, објаснува еден од нарилекарите кои преку оглас нудат разни медицински услуги.

За здравје се прави се‘

Пациентите се фаќаат за сламка кога е во прашање здравјето. Надрилекарите го злоупотребуваат тоа, како и слабоста на здравствениот систем во Македонија, вели во разговорот за Дојче веле, професор доктор Алексеј Дума:

„Постои одлична реклама, постојат луѓе кои знаат тоа добро да си го изменаџираат и тоа е сосема доволно, а постои и тој индиректен психолошки притисок на оние кои се хендикепирани на некој начин со некое страдање или болест и тие би поверувале во се‘.“

Законот е јасен и во него е предвидена казна за секој што се занимава со лекување без соодветна стручна подготовка.

„Оваа материја треба да биде решена бидејќи претставува злосторство спрема пациентите. Ерозијата на здравствениот систем придонесува за ширење на оваа лага кон пациентот“, објаснува професор Дума.

Во последно време најголемо внимание во македонската јавност предизвика феноменот

Homöopathie - Die alternative Behandlungsmethode

За лекување без пропишана стручна подготовка е предвидена казна затвор и до една година

„Брацо“. Хрватскиот исцелител полнеше сали и хотели. Редици болни, очајни, сиромашни луѓе се собраа со надеж дека во погледот на Брацо ќе најдат решение на нивниот проблем. Неговиот помошник, парапсихологот Драго Плечко им ја објаснуваше на луѓето методологијата на работа. „Брацо само ги гледа луѓето и во тој момент ако тие се фиксирани и концентрирани ќе доживеат освестување во сегашниот момент. Ќе почнат да функционираат сега, неоптоварени со иднината и минатото.“

Во Скопје за време на неговите две сеанси , организирано дојдоа луѓе од цела Македонија, но и од соседните земји.

„Јас сум од Врање. Очекувам да ми помогне, штом од далеку доаѓаме. Јас од Пирава, Валандово. Дојдовме за него да ни‘ даде здравје, го поздравивме многу, со желба внучиња да ни‘ донесе, зет, ќерка. “

Една жена вели дека во средбата со Брацо нашла лек за неплодноста: „Чуда прави, жив ангел е, немам зборови, лечи од болести, помага. После 15 години добив ќерка“, рече жената.

Фондот за здравство не ги признава штетите направени од надрилекарите

Македонските закони не признаваат ниту алтернативна медицина. Надрилекарството се смета за кривично дело. За лекување без пропишана стручна подготовка е предвидена казна затвор и до една година. Но, законот малку, или воопшто не се применува. Не е поведена речиси ниту една постапка против надрилекарите. Луѓето лесно им веруваат на надрилекарите кога се во беспомошна состојба или под стрес, објаснуваат психијатрите. Социолозите, пак, сметаат дека масовноста на надрилекарството се должи на ниското образование и големата сиромаштија, но и на неефикасното здравство и лошиот однос на релација лекар-пациент.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска