1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Надминување на недоразбирањата

"За да имаме добри односи со Европа, за нас е важно да имаме добри релации и со Германија. Ова партнерство е значајно за мојата земја и за мене и благодарен сум што сум тука и што имаме шанса да го обновиме трансатланското сојузништво и шанса да разговараме за значајни прашања"

default

вака американскиот претседател Џорџ Буш кој денеска е во осумчасовна посета на Германија, во Мајнц на заедничката прес конференција со неговиот домакин канцеларот Герхард Шредер најави дека недоразбирањата од минатото се надминати, дека секирите се закопани и дека на повикопк е период на заедништво и блиска соработка. Америианскиот перетседател Буш утринава точно во 9,45 пристигна на аердоромнот на воената база во Франкфурт на Мајна, а потоа се упати до локацијата на неговиот престој замокот во стариот град на Мајнц каде беше пречекан со сите државнички почести, но едновремено и со протести на неколку илјади противници на војната во Ирак и застапници за спаување на климата. Овие прашања практично беа и дел од агендата на надворешно политички теми на час и половина долгиот разговор меѓу канцеларот Герхард Шредер и американскиот престедател Џорџ Буш, на кој присуствуваа само шефовите на дипломатиите на двете земји: Кондолиза Рајс и Јошkа Фишер.

По протоколарното поздравување на прес конференцијата канцеларот Шредер истакна дека е направен своевиден напредок во однос на заштитата на климата, иако САД не е потписник на Кјото протоколот. Соработката ќе се продлабочи и прошири на технолошко ниво.

"Не сакаме да таиме дека во минатото имаше различни проценки. Но тоа е минато! Во заеднички интерес е Ирак да биде стабилен и демократски. Германија дава свој придонес" истакна канцеларот во однос на случувањата во таа земја дополнувајки дека Германија е ангажирана околу обуката на полицајците и воените сили во Обединетите Арапски Емирати.Околу обновбата, Шредер ја подвлече подготвеноста за натамошна соработка - Германија стои на располагање да помогнеме околу обновата на демокартските институциите, на министерствата, доколку новата ирачка влада тоа го сака.

На агендата на разговорите мегу Шредер и Буш беше и Блискиот Исток за кој канцеларот го истакна придонесот кој го даваат САД и посебно администрацијата на претседателот Буш, но и жешкиот "костен" Иран за кој претседателот Буш јасно и гласно иостакна:

"Иран не смее да има нуклеарни оружје во името на сигиурноста и мирот во светот. Тие не смеат да имаат нуклеарно оружје и тоа е заедничка цел на Германија, Франција, Велика Британија и САД.

"Сите опции се на маса и дипломатијата е само почеток .Иран не е Ирак дополни Буш, додедека канцеларот Герхард Шредер ја потврди определбата спорот да се реши по доипломатски пат.

По прес конференцијата претседателот Буш, со сопругата Лора и целата американска делегација присуствуваа на ручекот што канцеларот го организираше во негова чест, а на кој беа уште осумдесетина претставници на германската политиката. Претседателот на САД лично се сретна и шефицата на Христијанско демократската унија Ангела Меркел, а официјално со канцеларот ќе се збогува во 16 часот. На неговиот пат до аеродормот ќе важат истите безбедносни мерки како и утринава - комплетно блокирање на небото над Франкфурт и евентуален целосен прекин на сообракајот на автопатите, доколку претседателот Буш не одлучи до пистата да пристигне со хелихоптер.