1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Надминат руско-украинскиот спор

Русија и Украина постигнаа решение во спорот околу испораката на гас, односно за зголемување на цената.

Славината за руски гас повторно се отвора

Славината за руски гас повторно се отвора

Рускиот гас во иднина ќе се продава по цена од 230 долари преку посредникот Росукренерго, изјави шефот на Газпром Алексеј Милер, пренесе агенцијата Итар Тасс.

Оваа фирма што делумно му припаѓа на Газпром, а делумно на еден австриски партнер, ќе извезува за Украина руски гас заедно со поефтиниот гас од Централна Азија, по цена од 95 долари, како и слична ниска цена за гасот од Туркменистан. Досега Украина плаќаше 50 долари. Шефот на украинскиот снабудвач со енергија „Нафтогас Украини„, Алексеј Ивченко на заедничката прес-конференција со Газпром во Москва најави покачување на цената за транзитот на рускиот гас преку Украина. За транспортот во насока на Западна и Централна Европа во иднина Украина ќе добива долар и 60 центи, место досегашните 1,09 долари за илјада кубни метри на секои 100 километри од гасоводот. Ивченко најави дека обете страни во иднина зделките ќе ги вршат во готови пари. Украина годишно има потреба од 70 до 80 милијарди кубни метри гас. Голем дел од тоа, околу 36 милијарди во 2004 доаѓаше од туркменистанските извори, додека Русија испорачуваше 23 милијарди кубни метри годишно. Остатокот потекнува од украински извори. Според информациите од Газпром, во оваа година уделот на рускиот гас за Украина ќе опадне на 17 милијарди кубни метри.