1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Надминати несогласувањата меѓу владините партнери

Неделава најверојатно ќе се оддржи лидерскат средба Груевски - Ахмети. Премиерот позитивно одговорил на писмотот од ДУИ. Владата доби поддршка и од коалиционите партнери, на средбата Груевски - Петкјовски - Тачи се надминати несогласувањата.

Македонската влада

Македонската влада

Македонскиот премиер Никола Груевски прифаќа разговор со лидерот на опозициската партија на Албаницте Али Ахмети, за сите отворени прашања и со можно учестово на дипломати од Скопје. Неделава се бара термин за овој очекуван дијалог и со агенда што ја побара Демократската унија за интеграција. „Можам да ви кажам дека ДУИ веќе ја има примено информацијата дека ние сме подготвнеи за разговор и очекуваме тоа да биде во наредните денови. Точно кога ќе биде незнаеме. Очекуваме да се усогласиме околу денот.“

Македонскиот премиер Груевски е подготвен да се направи заеднички список на закони што ќе се усвојуваат според Бадентеровото мнозинство во македонскиот парламент, што значи согласност на пратениците од етничките заедници. Не е исклучено да се прифати и измена на парламентраниот мултиетнички комитет.

За обновениот политички дијалог власт - опозиција вчера пред време, а не денеска се разговараше на највисоко ниво меѓу владините партнери.

Никола Груевски, Тито Петковски и Мендух Тачи прво ги надминаа внатре владините разлики. Владиното мнозинство е подготено да разговара и за правата на инвалидност на припадниците на ОНА, рамноправно и со македонските безбедносни сили кои заедно војуваа 2001 година.

„Голем број од нив се изманипулирани, а за голем дел од тие што учествуваа во тие конфликти сметаат дека имале право.“ кажа Тито Петковски лидер на Новата социјалдемократска партија пред разговорите меѓу владините партнери. Тој е инаку и заговорник за евентуално учество на ДУИ во кабинетот на Груевски што наидува на отворен отпор кај Демократската партија на Албанците и вицепретседателот Мендух Тачи.

Обновата на политичката и мултиетничката димензија на дијалогот ќе ја деблокира и законодавната иницијативност и процесите во парламентот и во него би требало да се вратат и пратениците на ДУИ. „За оваа состојба треба широк, длабок и политички дијалог со присуство на меѓународната заедница да се изнајдат решенија за сите прашања кои ние сме ги покренале во сколоп на политичката партија, а која дозволува и ставање на други теми.“ рече за време на викендотот во една телевизиска дебата Азиз Положани пратеник од ДУИ. Тој заедно со 17 те други пратеници повеќе од половината од шест месечниот мандат на новта власт ги помина ги бојкотира парланментрните дебати.