1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Надеж и критика

Дмитриј Медведев е новиот претседател на Русија. Иако во честитките провејува позитивниот тон и надеж за подобра соработка, не изостануваат ниту забелешките дека изборите не поминаа целосно во демократска атмосфера.

default

Дмитриј Медведев

Американскиот претседател Џорџ Буш со поглед кон иднината го поздрави изборот на Медведев, притоа не осврнувајќи се на текот на изборите.

Како од повеќе европски главни градови честитки исполнети повеќе со надеж отколку критика за изборот на Медведев доаѓаат и од претседателот на комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Барозо. По изборите во Русија тој се надева на нова потесна соработка и јакнење на демократијата. „Уверен сум дека со претседателот Медведев ЕУ и Русија ќе го зацврстат и развиваат стратегиското партнерство“ порача Барозо.

Германската канцеларка Ангела Меркел сака брзо да се сретне со новиот руски претседател, пренесе заменик портпаролот на владата во Берлин, Томас Штег. Според портпаролот иако во текот на изборната кампања не биле целосно запазени сите демократски и правни основи, германската влада му ја честита победата на Медведев и му посака успех.

Медведев шанса за подобрување на руско - европските односи?

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Гернот Ерлер во изборот на Медведев гледа и нова шанса за односот меѓу Европа и Русија „Тој е токму поради тоа шанса, бидејќи повеќе отколку што тоа го стори Путин вели ’Потребна ми е ЕУ, потребна ми е Германија како партнер, за реализирање на иднината која ја замислувам за Русија, имено модернизирање на општеството и економијата’. Ако го спроведе тоа тогаш би дошло и до интензивирање на соработката со Европа и Германија.“

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер пак ја повика Европската унија да најде нов јазик на комуникација со новиот руски претседател. Кушнер оценувајќи ги вчерашните претседателски избори нагласи и дека немало вистинска конкуренција. И британската влада се надева на подобри односи со Москва по изборот на Медведев, по замрзнувањето на односите меѓу двете земји поради аферата со поранешниот агент Александар Литвиненко во 2006 година.

Мал број западни набљудувачи

Инаку раководителот на набљудувачката мисија на Советот на Европа Андреас Грос во Москва забележа дека резултатите од изборите се израз на вољата на избирачите но демократскиот потенцијал не бил целoсо реализиран. Спротивно на поранешните претседателски избори оваа година многу мал број западни набљудуваќи беа присутни на изборите. ОБСЕ поради изборните околности протеситраше и ја откажа својата мисија во Русија.