1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Надеж за нов почеток

Американците го бираат новиот најмоќен човек на светот. Интересот за овие избори е огромен не само во САД туку и ширум светот. На изборите не се одлучува само за судбината на САД туку и за останатиот дел од планетава.

default

Кој ќе биде следниот на позицијата на најмоќен човек на светот?

Кога американските граѓани ќе гласаат тешко дека во тој момент ќе размислуваат за Германија, па дури ниту за Европа. Доколку размислуваат за странство, тоа ќе биде за земји со кои се несреќно поврзани, како на пример Ирак, Авганистан, Иран. Наспроти ова, останатиот дел на светот, а посебно Европа, ги следи изборите во САД со такво внимание како во најмала рака од нивниот исход да им зависи сопствената судбина. Ова не е погрешен впечаток. Најмалку глобализацијата и финансиската криза не’ научија колку денес работите се поврзани и зависат една од друга, така што кога во Америка има грип, ние брзо почнуваме да киваме.

Европа повторно сака партнерски однос со САД

George W. Bush im Gespräch mit Reportern in Alexandria USA

На Европа не и’ беше лесно со него: претседателот на заминување Џорџ Буш јуниор

И во наш интерес е во САД да се воведат одредени мерки во финансиската, стопанската, еколошката и секако одбрамбената политика. Досегашниот газда во Белата куќа на сите овие полиња направи навистина доста пропусти. На крајот од неговото владеење, светот не е подобар, туку впечатокот е дека се’ пука по шавови. Последица на тоа е и уривање на угледот на САД, не само во Европа, туку и во целиот свет. При тоа не е фер критиката за Џорџ Буш да се претвори во критика против сите Американци, значи против оние кои што ни се драги и кои ни беа пример. Европа сака во САД повторно да види партнер со кој може да разговара за проблемите и да бара решение за нив.Со Џорџ Буш тоа одеше многу тешко. Вашингтон сам донесуваше одлуки, без да се грижи за сојузниците или за ОН.

Обама и е миленик на Европа

Barack Obama in Manassas Virginia

Ќе донесе ли навистина промени? Европа повеќе посакува Барак Обама да биде новиот претседател

Сето ова резултира во голема желба за промени во Белата куќа и огромен интерес дали овие избори ќе ги донесат промените. Анкетите покажуваат дека Барак Обама и’ е миленик на Европа, но и во исламскиот свет кој што се надева на нов почеток во односите. Почеток кој ќе овозможи дијалог на рамноправни основи, со меѓусебно почитување, што можеби еден ден ќе прерасне и во отворено пријателство. Почеток кој би овозможил веќе да не мора да се швајсуваат капаците на канализациските шахти по улиците поради страв од можни напади и да се блокираат улиците кога во посета ни доаѓа американскиот претседател.

Можеби некои од овие очекувања се и наивни бидејќи ниту Барак Обама не може да ги исполни сите. Но, тие се всушност одраз на фрустрацијата од сегашните односи со САД. На овие избори се бира „само“ претседател на САД, но Европа и некои други делови на светот сепак јасно гледаат дека овде станува збор и за нивната иднина.

DW.COM