1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Надеж за нова динамика

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер се наоѓа во посета на Блискиот Исток каде што ќе води разговори за мировниот процес во регионот.

default

Штајнамер на Блискиот Исток

Ова е веќе четиринаесето службено патување на германскиот министер за надворешни работи на Блискиот Исток. Тоа покажува колку за Франк Валтер Штајнмаер е важен овој регион и неговите конфликти. Покрај со израелскиот претседател Шимон Перес, Штајнмаер за време на дводневното патување ќе се сретне и со останатите важни актери во регионот како израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Ехуд Барак, претседателот на Палестинците Махмуд Абас, сирискиот претседател Башир Ел Асад и неколку други.

Процес составен од поединечни чекори

Од германска страна постои надеж дека по говорот во Каиро на американскиот претседател Барак Обама ќе дојде до придвижување на фронтовите и до нова подготвеност за преговори. И покрај тоа портпаролот на германската влада Улрих Вилхелм предупредува од преголеми очекувања: „Ние го придружуваме овој процес на приближување на актерите во регионот заеднички со нашите партнери во меѓународната заедница. Ова е процес кој е составен од поединечни чекори. Притоа има и напредок но и назадување. Ние можеме да се обидеме постојано да даваме нови предлози нови импулси и да постигнеме разговорите повторно да течат. И потоа на крајот да дојде до приближување на различните преговарачки позиции за стабилизација и потоа за мировен договор, кое опфаќа решение за две држави.“

Целта е да биде најдено праведно решение

Германскиот министер за надворешни работи се приклучува кон новата динамика која беше поттикната од новата американска администрација. Тој ја договори својата посета на регионот со САД. Според портпаролот на министерството Андреас Пешке целта е јасна: „Да успее едно праведно и фер решение за две држави, зашто тоа е единствениот пат по кој ќе дојдеме до долгорочен мир во регионот. И се мора да биде подредено на оваа цел и во насока на оваа цел ние отворено ќе разговараме со нашите партнери во регионот од израелска страна.“

Сите очи се вперени во Израел зашто не е јасно, како новото израелско раководство има планира да ги промовита сопствените интереси. Тоа се’ уште го отфрла комплетното запирање на изградбата на еврејските доселенички населби, што е едно од барањата на Вашингтон. И министерот Штајнмаер ќе разговара на оваа тема, зашто Палестинците запирањето на изградбата на населбите го означија како услов за нови разговори.

Автор: Ханс Јирген Маурус / Симе Недевски

Редактор: Алексанадра Трајковска