1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Надеж за наоѓање решение за статусот на Косово

Претседателите на пет земји од Југоисточна Европа изразија надеж за постигнување спогодбено решение меѓу Белград и Приштина околу идниот сттаус на Косово.На крајот на првиот ден на Регионалниот економски форум во Дубровник тие не сакаа да се впуштаат во предвидувања што ќе се случи по 10 декември,кога завршуваат преговорите за Косово.Македонскиот претседател Бранко Црвенковски изјави дека треба да се истрае во пронаоѓањето прифатливо решение за двете страни,за Македонија е важно да дојде до стабилност не само на Косово,туку во цел регион.

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ смета дека по 10 декември нема да се случи ништо посебно,туку ќе започне процес за трајно дефинирање на статусот на Косово.Само албанскиот претседател Бамир Топи како решение спомена независност на покраината.