1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Надворешно политички приоритети на Македонија

Членство во НАТО и ЕУ останува приоритет за македонската надворешна политика, но проблемот со Грција ќе се испречува пред остварувањето на целите, порача министерот Антонио Милошоски пред надлежната собраниска комисија.

default

Министер за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски

Решавањето на спорот за името е еден од политичките приоритети, Македонија е подготвена за разумен пристап и изнаоѓање разумен компромис, но „Нерешавањето на проблемот не е заради уставното име, туку пред се’ заради рововската поставеност на грчкиот национализам кој се употребува и за внатрешно политички цели.“ изјави министерот Милошоски.

Решавање на порблемот со Грција и натаму би се движел во сегашнито формат

Пратениците од опозицијата го криткуваа владиното враќање на позициите за двојна формула. Игор Ивановски од СДСМ рече „За мене најдобар компромис е двојната формула но таа позиција одамна не е реалност во овој спор.“

Министерот ги уверуваше пратениците дека проблемот е подлабок и покомплексен, а изнаоѓањето компромис дополнително го отежнува позицијата на официјална Атина дека треба да се најде и утврди име за една употреба, што значи менување на Уставот на Република Македонија, вклучително, и менување на пасошите и на личните карти.

Имајќи ги предвид сите сложени околности, тој прогнозира дека процесот и натаму ќе се движи во сегашниот формат. „Мојата прогноза за следните четири години дека од Македонија ќе имаме вести на политичка стабилност, унапредување на мултиетничкиот модел на општеството, солиден економски развој и одвреме навреме одредени повеќе или помалку популарни недоразбирања, препукувања или дискусии околу спорот со името.“

Односите со Косово се добри

Во однос на признавањето на Косово позицијата на македонската Влада е позитивен пристап за развивање на соработката со Приштина, а истовремено развивање и продлабочување на билатералните односи со Белград.

Според Милошоски, односите меѓу официјална Приштина и Скопје се добри, а во иднина ќе бидат уште подобри. Демаркацијата на границата, врз основа на договорот од 2001 година, се одвива според планираната динамика. Досега се одбележани 85 километри од должината на граничната линија во делот кон Косово.

Шефот на македонската дипломатија и вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, задутре патуваат за Брисел да ги презентираат постигнувањата во однос на осумте приоритети врз кои ќе се оценува напредокот на земјата во есенскиот извештај на Европската комисија.