1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Надворешната политика и женските права

Од кампањи против сакатење на гениталиите до поддршка на женските организации во Авганистан: правата на жените играат улога во германската надворешна политика. Но, не и главна...

Пред салата во германското МНР патролираа двајца припадници на обезбедувањето. Зад вратите се одржува конференција. На неа се претежно жени. Мнозинството учесници за првпат се во Министерството.

„Во оваа зграда не се одржуваат често конференции за жени“, признава државната секретарка во министерството за надворешни работи Корнелија Пипер. Оваа политичарка од Либералната партија минатата недела организираше панел-дискусија на тема насилство над жените. „За ова треба да се замислиме“, оцени таа, на што жените во публиката одговорија со гласен аплауз.

Насилството над жените е проблем во целиот свет. Според истражувањата на Светската здравствена организација објавени кон крајот на 2012 година, над 70 отсто од жените во Етиопија доживеале сексуално или физичко малтретирање од страна на партнерите. И во Јапонија, земја со најниска стапка на насилство над жените, дури 15 отсто жени доживеале насилство. Во Германија, според истражувањето на Министерството за семејство, околу една четвртина од жените барем еднаш во животот биле жртви на насилство на партнерите. Една од учесничките на конференцијата раскажува дека залудно се обидувала да пронајде прибежиште во некоја од „сигурните“ куќи за злоставувани жени во

Cornelia Pieper

Корнелија Пипер

Баварија. Сите биле полни.

Правата на жените како тема за преговори

Германија е многу „активна“ кога се во прашање правата на жените во рамките на државата и борбата против семејното насилство, тврди Пипер. Освен тоа, владата се залага за воведување меѓународен ден на девојките и поттикнува различни проекти со цел зајакнување на правата на жените ширум светот.

„Сметам дека можеме да сториме и многу повеќе, особено во однос на надворешната политика“, вели Пипер.

Но, не е доволно само да се поттикнуваат проекти. Проблемите поврзани со жените мора да бидат тема и за време на меѓувладините преговори. Пипер верува дека на тој начин другите земји „би се приближиле кон нашите вредности по прашањето на човековите и женските права“. На пример Турција: преговорите меѓу Анкара и ЕУ би можеле значајно да влијаат на зајакнување на женските права, убедена е Пипер.

Публицистката Нецла Келек, по потекло од Турција, вели дека во таа земја, особено во руралните делови, проблемот на насилството во семејството се уште е многу изразен. Но турската влада не прави ништо по тоа прашање. „Државата воопшто нема намера да изгради некоја своја или да им помогне на постојните женски куќи“.

Краткорочни проекти

06.2013 DW Akademie Medienpreis Jury Auma Obama

Обама Аума

За проблемите во Кенија говори тамошната активиститка за човекови права Аума Обама, која ја основала фондацијата „Силни гласови“. „Преку музика и театар децата и младите треба да стекнат самодоверба и да научат да кажат 'не'. Ја основала фондацијата бидејќи вели оти е фрустрирана со развојните стандарди на западните земји - меѓународните актери поттикнуваат проекти, но тие се краткорочни, траат по пет, понекогаш и по три години. „Во животот на едно дете тоа не значи ништо. Тие деца потоа, едноставно мораат да се вратат на улица“. Понекогаш развојните програми претставуваат и пречки: „Белиот човек едноставно ќе дојде и ќе каже што треба да се прави. Но проблемите треба да се решаваат и поинаку“, вели Обама.

Премалку внимание се посветува на емоционалното насилство над жените, а и тој вид насилство остава голема трага.

„Насилството не е само пролевање крв. Постои и поинакво насилство“, смета Обама.

Корнелија Пипер ветува дека МНР и следната година ќе организира конференција за жените. „Се надевам дека тогаш ќе има и повеќе мажи“, вели таа.