1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Надал и Скијавоне најдобри на Ролан Гарос

Рафаел Надал и Франческа Скијавоне викендов го освоија вториот годинешен грен слем тениски турнир- францускиот Ролан Гарос. Во НБА лигата, Бостон го израмни резултатот во финалето против ЛА Лејкерси на 1:1.

default

Тенис

Шпанецот Рафаел Надал и Италијанката Франческа Скијавоне се нови шампиони на тенискиот грен слем турнир Ролан Гарос. Надал во финалето го совлада Швеѓанецот Робин Содерлинг, убедливо со 3:0 во сетови, и со петиот триумф едноподруго докажа дека е суверен владетел на земјените терени. Веќе следната година во Париз, Надал ќе има шанса да го урне рекордот на Бјорн Борг од шест триумфи на Ролан Гарос.

Скијавоне, пак, во финалето беше поуспешна од Саманта Стосур од Австралија. Скијавоне во два сета со 6:4 и 7:6 беше поуспешна од својата ривалка и стана првата Италијанка која освоила грен слем титула.

НБА лига

Los Angeles Lakers - Kobe Bryant, Morris Peterson

Звездата на Лејкерси, Коби Брајант потфрли во вториот финален меч

Во НБА лигата, екипата на Бостон Селтикс доцна синоќа ги совлада ЛА Лејкерси на гостински терен и го израмни резултатот во финалето на 1:1. Предводени од извонредните Раџон Рондо, кој имаше „трипл дабл“ ефект и Реј Ален со 32 поени, Бостон победи со 103:94, и сега има шанси на домашен терен да стигне до титулата. Во следните три натпревари Бостон игра на домашен терен, а финалето се игра до четири победи.

Во редовите на актуелниот НБА првак, Пау Гасол имаше 25 поени и 8 скокови, додека Коби Брајант остана на, за него скромни, 21 поен.

Автор: БГ/ АТ/ афп/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска