1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Надал и Вавринка во финалето на АО

Рафаел Надал ќе му биде противник на Станислас Вавринка во финалето на Грен слем турнирот Австралија Опен, што ќе се одржи в недела (26.01).

Шпанскиот тенисер и прв носител Рафаел Надал (на фотографијата) на убедлив начин се пласираше во финалето на Грен слемот Австралија Опен, откако денеска со 3-0 во сетови 7:6, 6:3 и 6:3 го совлада Роџер Федерер (Швајцарија).

„Денеска го одиграв најдобриот натпревар на целиот турнир“, изјави Надал, кој како и секогаш по победата над Федерер се става во улога на скромен победник: „Секогаш е нешто посебно, специјално емоционално кога играм против Федерер. Чест ми е да бидам во иста лига со него“, рече Надал.

За Шпанецот ова е 19. финале на големите турнири, од кои има 13 трофеи. Во завршниот меч на турнирот во Мелбурн закажан за в недела во 9 часот и 30 минути по средноевропско време Надал ќе игра со Станислас Вавринка, сонародникот на денешниот противник на првиот светски рекет.