1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Надал го освои Ролан Гарос

Рафаел Надал испиша нова историја на тенискиот Грен слем, Ролан Гарос, откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ и ја освои рекордната седма титула во Париз.

Финалниот меч, кој се играше во два дена, откако во неделата беше прекинат поради дожд, Шпанецот го доби по 222 минути игра со 3:1 (6:4, 6:3, 2:6, 7:5).

Мечот на „Филип Шатрие“ започна со предност и сервис на Ѓоковиќ од 2:1, но Надал веднаш го врати брејкот, до крајот на сетот не му дозволи ниту една брејк шанса на противникот, додека тој уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот во 12-от гем. Надал ја освои рекордната седма титула во Париз, додека Ѓоковиќ ја пропушти можноста да стане третиот тенисер во историјата кој во исто време е шампион на четирите најголеми турнири на светот (Австралијан опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС опен).

Финалето во париз беше 33-от меѓусебен дуел на двајцата тенисери, Надал води во победи со 19:14.