1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Наградата Гете за израелскиот писател Амос Оз

Израелскиот писател Амос Оз е известен дека е добитник на реномираната награда „Гете„ на градот Франкфурт. Наградата е востановена во 1927 година е со доделува секоја трета година. Пред Оц, меѓу другите, ја добија литературниот критичар рајх Раницки, писателите Сигфрид Ленц и Томас Ман, физичарот Макс Плнак, како и Сигмунд Фројд. Наградата на Оз ќе му биде доделена на 28 август. Неговата последна книга „Истор

ија на една љубов и помрачување„ од критиката во Германија беше примена со одушевување. Во Израел – радост за високата награда на напознатиот израелски писател. Самиот Оз е зачуден што е награден

„Пишувам, зашто морам да пишувам„ вели израелскиот писател Амос Оз, „сеедно дали ќе добијам награда или казна„. Пишувањето за него е како дишење. Едноставно, со тоа не може да се престане. Затоа реагира мирно, кога му се честите за наградата „Гете„:

„Воопшто не знаев дека сум номиниран, дека за мене се разговара и дека воопшто се наоѓам меѓу кандидатите. Радо би сакал да знам како и зошто„.

Во сите медиуми е јавено за наградата, а Оз стрпливо одговара за сите. Притоа покажува чудење за големиот успех на неговата книга:

„Ова никогаш не можев да го предвидам. Кога ја пишував книгата, мислев дека најмногу би можела да биде интересна за луѓето што се од истото село, значи од Ерусалим, или од истото време, значи крајот на 30-сеттите и почетокот на 40-сеттите. Бев шокиран што толку луѓе во Израел се заинтересираа, а сега се обидувам да ги сфатам реакциите во странство. Признавам дека тоа не го разбирам во целост„.

Во самиот Израел и во странство, меѓутоа, Оз не е познат поради неговите романи, туку поради неговиот политички ангажман. Тој е приврзаник на израелскиот мировен табор. Во голем број есеи постојано беше против политиката на населбите, меѓутоа, не сака да го коментира планираното повлекување од појасот Газа за да не додаде дополнително масло на вжештената атмосфера:

„Немам никаква симпатија за доселениците, но сочувствувам со нив. Има повеќе симаптии за Палестинците кои беа протерани од земјата на која сега се наоѓаат доселениците. Виновни за сегашната ситуација се сите досегашни влади на Израел без исклучок„.

Оз не ја исклучува од своите критики ниту владата на сегашниот премиер Шарон зашто и тој носи голема вина во таквата политика. Оз неколку дена по шест-дневната војна во 1967 година во еден текст укажа на опасностите што со себе би ги донесла долгорочна окупација на палестинските подрачја:

„Секое утро станувам во 5 и половина час шетам низ пустината, потоа пијам кафе и почнувам да работам. Пишувам до десет или 11, зашто морам да пишувам, не знам дали е добро или не. Но, ако не пишувам текстови со многу чуденки во кои ја напаѓам или ја фалам владата, јас тогаш би го предал моето пистателство. Значи, јас сум човек на компромиси. Пишувам наутро, тогаш сум за се затворен, а дури потоа се отворам„.

Во Израел се надеваат дека Амос Оз некогаш ќе ја добие Нобеловата награда за литература. Тој самиот вели дека мора да пишува, со или без награди.