1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наванетем Пилај пред тешки задачи

Денеска на должност стапува новиот висок комесар на ОН за човекови права - Наванетем Пилај. Јужноафриканската судијка и експерт за меѓународно право ќе биде наследник на Канаѓанката Луиз Арбур.

default

Пилај, новиот висок комесар на ОН за човекови права

Кога Мишел Монтас, портапролката на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го објави нејзиното номинирање, судијката Наванетем Пилај речиси не можеше да верува. 66 годишната Јужноафриканка е скромна, иако располага со најдобри квалификации. Тоа го потенцираше и Мишел Монтас:

„Таа е избрана по интензивен и многу внимателен изборен процес.“

Докажан борец за човекови права

Печат врз Пилај оставило најмногу времето на јужноафриканскиот режим на апартхејдот. Таа многу добро знае што значи за луѓето кога се угнетувани и обесправени. Како припадник на индиско тамилското малцинство во Јужна Африка, таа била дискриминирана во расистичката држава на Бурите. Таа се чувствувала како црнец, а тоа таму значело да се биде недостоинствен. Ништо, освен нејзиното чувство за праведност и амбицијата, тогаш не укажувале дека некогаш ќе ја добие една од најважните функции во ОН:

„Во нејзиниот град Дурбан таа на 26 години, како прва жена, основала адвокатска канцеларија, а со нејзината работа уште повеќе се истакна во Меѓународниот кривичен суд на ОН, вели Таине Биен Аим, директорка на Меѓународната женска организација „Рамноправност сега“. Пилај е една од основачите. Ги бранела противниците на режимот во Јужна Африка, поради тоа со години и‘ бил одземен пасошот, но таа не се предавала.

Се бара бескомпромисност и смелост

И невладината организација Хјуман Рајст Воч го пофали изборот на Пилај , иако постоеја двоумења дали и таа ќе биде толку бескомпромисна како нејзините претходнички, Мери Робинсон од Ирска и Луиз Арбур од Канада. Но, Пилај како судија, а од 1999 година и претседател на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Руанда, докажа дека злосторниците ги кажува по име, иако некои од нив се на чело на влади.

Пред Пилај стојат тешки задачи: кризата во Зимбабве веќе долго е пред ОН, но се наоѓа во ќорсокак.