1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Навални не го признава поразот

Досегашниот градоначалник на Москва, Сергеј Собјанин, победил пред противкандидатот Алексеј Навални, според првичните неофицијални резултати, соопшти Изборната комисија. Опозиционерот Навални не ги признава резултатите.

Опозицискиот блогер и критичар на Кремљ и активист против корупцијата, Алексеј Навални не ги признава резултатите од изборите за градоначалник на Москва, објавени од Московската изборна комисија според кои Сергеј Собјанин, близок на рускиот претседател Владимир Путин, освои 51,18 отсто гласови.

Навални најави можност и за улични протести доколку не се објави втор круг од изборите.

„Ако градската администрација и Кремљ игнорираат барање на народот, ќе повикаме в понеделник сите да излезат на улица“, изјави синоќа Навални.

Тој побара да се поништат гласовите на оние кои гласале вон изборното место, од дома, бидејќи се сомнева дека всушност тие гласови се фалсификувани. По обработени 100 отсто гласачки ливчиња, на изборите за градоначалник на Москва победи вршителот на должност градоначалник, и член на партијата „Единствена Русија“, 55-годишниот Сергеј Собјанин. Навални освои 27,33 отсто гласови, двојно повеќе отколку што се очекуваше. На изборите во Москва вчера учествуваа шестмина кандидати.