1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Навалица на иранскиот пазар

Во сила стапи привремениот договор со кој делумно се укинуваат сакнциите кон Иран. Американски и европски фирми веќе бараат контакти со иранските стопанственици и се надеваат на вносни зделки на тој пазар желен за увоз

До членот на управниот одбор на Германско-иранската трговска комора Михаел Токус веќе со недели стигнуваат безброј прашања од претприемачите: „Сејавуваат компании кои досега одбиваче порачки од Иран“, вели Токус. Сега работите стојат сосема поинаку. Отогаш Западот и Иран во ноември минатата година постигнаа договор Техеран половина година да ја запре работата на својата нуклеарна програма и да дозволи неограничени контроли а за возврат Западот вети олабавување на меѓународните санкции. привремениот договор стапи во сила денеска (20.1.2014). Со него меѓу останатото се укинати ограничувањата за тргување со авионски делови, петрохемиски производи и со делови во автомобилската индустрија.

И Американците го сакаат иранскиот пазар

Интересот на германските претприемачи е голем. Токус испрати покана за патување на стопанска делегација во Иран и само неколку часа подоцна му стигнаа шест пријави. Бројни германски фирми веќе сега се застапени во Иран. Токус вели дека ги има речиси 7.000 во браншите во кои не важат санкциите, Но нему не му се обраќаат само германски фирм. На саемите тој добива прашања и од американски претставници кои поради строгите санкции на САД веќе со децении не смеат да бидат присутни на иранскиот пазар.

Инаку, Американците со години наназад вршеа притисок врз европските компании и банки да се повлечат од Иран. а сега се туркаат на тамошниот пазар и ги облетуваат иранските делегации на саемите. Токус се смешка: „Ако Американците, како што е договорено со спогодбата, ги олабават санкциите на подрачјето на автомобилската индустрија, тогаш со сигурност ќе имаме голема конкуренција за германските но и за француските претпријатија.“ Тоа Токус се разбира не го загрижува. Всушно како што вели тој се радува на тој натпревар и вели оти има шанси за сите бидејќи иранскиот пазар е „гладен за увоз“.

„Ембаргото нема да биде укинато толку бргу“

Али Хабибиан е менаџер на приватната воздухопловна компанија Сафириан Ер. „Во мојата бранша сите планираат експанзија за да ги оспособат своите авиони“. Хабибиан со години на назад своите застарени летала мораше да ги поправа со вградување на половни делови, бидејќи досега и цивилното воздухопловство подлежеше на ембаргото.

„Сега сите планираат и се обидуваат давоспостават контакти со трговските партнери. Повеќе не ни требаат старите посредници кои тајно ни продаваа делови“, вели Хабибиан. Тој се надева дека тоа ќе доведе и до пад на цените. Инаку со привремената спогодба се укинуваат санкциите за трговијата со делови, но не и за купопродажбата на авиони. Но иранскиот претприемач се надева дека тоа ќе се промени по преговорите кои ќе бидат водени во наредните шест месеци. Целта е склучување ма дијалог со кој би се укинале сите санкции. Штом исчезнат ограничувањата за купување на авиони, Хабибиан планира веднаш да порача 100 нови воздухоплови.

Но Михаел Токус не верува дека до целосно укинување на ембаргото ќе дојде толку бргу: „Во Иран во моментов владее толку голем оптимизам и еуфорија , така што мораме тоа да го смириме и да останеме реалнии. Ќе мине уште некое време пред санкциите целосно да бидат укинати. Многу Иранци очекуваат дека до тоа ќе дојде бргу, а ние се надеваме дека таквото позитивно расположение во Иран нема еден ден да се промени“.

Санкциите се само привремено олабавени. Ако Иран не се придржува до договореното, тие повторно би можеле да бидат заострени.