1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Навалица кон банките

Политичката криза во Украина влијае и врз економијата во земјата. Барем владата шири таков впечаток. А, бидејќи економијата е поврзана со довербата, Украинците навалија кон банките за да си ги земат парите.

Шефот на националната банка на Украина веќе поднесе оставка, додуша од политички причини зашто беше еден од лидерите на кампањата на владиниот кандитат за претседател Виктор Јанукович. Еден ден по оставката, националната банка соопшти дека од банките ќе може да се зема само ограничена сума -–илјада долари дневно, изјави Александар Сугоњако, шеф на здружението на украинските банки:

“Во сегашната политичка ситуација е неопходно да ги штитиме нашите штедачи и доверители, односно нивните средства што се наоѓаат во посед на банките“.

Оттогаш пред автоматите за пари се создадоа опашки, а во нив се почесто нема пари. Министерот за финансии Асаров уште повеќе ја вжешти ситуацијата тврдејќи дека системот е непосредно пред колапс. Негова задача е да ги смирува граѓаните, вели Ларс Хандрих, германски советник во институтот за економија во Киев:

“Не гледам причина демоснтрациите да го дестабилизираат банкарскиот систем. Верувам дека намерно се предизвикува паника. Оние што зборуваат за криза на банкарскиот систем сакаат од тоа да стекнат политички капитал“.

Опозицијата смета дека само во изминатите недели се подигнати вкупно 90 милиони гривни, односно околу 12 милиони евра. Половината од тоа во источна Украина каде што приврзениците на Јанукович почнаа да зборуваат и за поделба на Украина, вели Петро Порошенко, економски експерт од таборот на опозициониот лидер Јушченко:

“За само еден ден започна процес на нагло земање на парите од банките. Интересно е каде започна сето тоа. Главно во три региони: Луганск, Донецк и Харков. Поради крајно неодговорните повици за сепарирање, народот се исплаши, па така во овие три региони во еден ден беа подигнати милиони гривни, иако генерално националната банка има позитивен биланс“.

Порошенко како и Хандрих, страхуваат пред се од криза на буџетот. Зашто парите за оваа година веќе се потрошени, а буџетот на идната се уште не е усвоен, бидејќи во првата фаза парламентот го одби. Како резултат на кризата, Хандрих смета дека во идната година ќе има помал раст, бидејќи ќе изостанат иневстиции што ќе ја забави и модернизацијата на земјата.