1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Навала во продавниците со половна стока

Кризите ги менуваат навиките во задолжените земји. Така е и во Шпанија. Таму цутат продавниците за продажба на користени производи, пред се‘ текстилните. Една четвртина од Шпанците се без работа, се штеди насекаде.

default

Добриот вкус не мора да значи нешто скапо, убедена е Ноеми Логроно. Во еден граѓански кварт во Мадрид таа држи продавница за половни текстилни производи. Порано овде главно тинејџерите го трошеа џепарлакот, денес таа има муштерии од сите старосни групи.

„Се‘ уште многумина нерадо доаѓаат овде, некои дури и со грч во стомакот. Луѓето доаѓаат неволно, но колку подолго трае кризата, ќе доаѓаат се‘ повеќе. Луѓе, кои никогаш во животот не стапнале во ваква продавница“.

Die andere Seite des Mondes, der beliebte Second-hand-Laden in Lissabon

Конзумот како животна филозофија, тоа можат да си го дозволат само уште малкумина Шпанци. Од тоа страда и трговијата на мало. Владата неодамна го зголеми повторно ДДВ, на 21 процент. И за оние со подобра заработувачка тоа значи-промена.

Жакелина Вилануева е адвокат, во меѓувреме радо доаѓа во продавницата на Ноеми Логроно.

„Има многу продавници како оваа. Но ми се допаѓа стилот на оваа продавница, убаво, облеката лесно се наоѓа, сортирана е според броевите“.

Дали криза или не, во Лондон или Берлин продавниците за половна облека одамна се ценети. Трендот таму гласи-ретро. Барем во однос на модата, Европа натамошно се обединува.