1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наваз Шариф побегна од дома

Поранешниот пакистански премиер, Наваз Шариф, ја прекрши наредбата за домашен притвор и им се придружи на демонстрантите, кои од утре тргнуваат на „долг марш“, од Лахор до Ислмабад. Бараат независно судство.

default

Шариф: Не ја признавам наредбата за домашен притвор

Поранешниот пакистански премиер и лидер на опозицијата, Наваз Шариф, ја прекрши наредбата за домашен притвор, што утринава ја донесоа пакистанските власти, и го напушти домот.

Кратко претходно, Шариф се обрати пред група приврзаници, собрани на неговата улица, изјавувајќи дека не може да ја прифати одлуката за домашен притвор, што ја оцени како „нелегална и неморална“. „Дојдете и придружете ми се. Јас ја напуштив куќата. Дојде време да се спротивставиме. Не можат да не сопрат“, рече Шариф.

Конвојот возила ја напушти вилата на Шариф во градот Лахор и се упати кон центарот на градот, каде се одржуваат антивладини демонстрации на правниците и судиите во земјата, но и приврзаници на опозиционата Пакистанска муслиманска лига-Наваз.

Во денешните демонстрации, тие фрлаа камења кон полицијата пред зградата на судот, каде Шариф требаше да се обрати пред присутните. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Марш од Лахор до Исламабад

Juristen Protest gegen Präsident Musharraf in Islamabad

Од минатогодишниот протест на правниците, организиран од исти причини како сега

Опозициските групи и адвокатите мобилизираат истомисленици за протест уште од 25 февруари, кога Врховниот суд им забрани на поранешниот премиер Шариф и неговиот брат да се кандидираат на изборите. Шариф го обвини претседателот на Пакистан, Асиф Ел Зардари, дека влијаел врз таквата одлука на судот. Долгиот марш, што го планира опозицијата, треба официјално да почне утре во Лахор, а крајната дестинација на демонстрантите е главниот град Исламабад, каде тие треба да ги изразат барањата за независно судство.

Неколку часа пред да биде издадена наредбата за домашен притвор на Наваз Шариф, тој уште еднаш ги повика неговите приврзаници: „И да ни постават пречки на патот, нашиот долг марш ќе стигне до целта. Никој нема да може да го сопре. Мораме да се држиме заедно“, изјави Шариф.

А пречки владата постави многу - минатата недела полицијата уапси преку илјада демонстранти и организира полициски блокади ширум земјата, за да спречат демонстрантите да стигнат до Исламабад.

Адвокатите и опозициските партии бараат да се вратат на должност судиите кои беа отпуштени во текот на воениот режим на Первез Мушараф во 2007 година, а посебно се незадоволни од сегашниот претседател, Асиф Ал Зардари, кој пред да дојде на власт во 2008 година, вети дека повторно ќе ги врати отпуштените судии.