1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Набљудувачи: Повторените избори на Косово - добро организирани

Меѓународната мисија за надгледување на изборите на Косово (ЕНЕМО) денеска (19.11) оцени дека повтореното гласање во три избирачки центри во северна Косовска Митровица било организирано добро и водено ефикасно.

Во соопштението на Меѓународната мисија за надгледување на изборите на Косово (ЕНЕМО) се наведува дека мисијата ги набљудувала повторените избори во северниот дел на Косовска Митровица со три свои екипи. ЕНЕМО оценува дека безбедносните институции направиле суштински напори да обезбедат адекватни сили на северот на Митровица и со тоа успеале да обезбедат предуслови за граѓаните „сигурно и слободно да можат да остварат право на лгасање“.

„Набљудувачите на ЕНЕМО повторно воочија злоупотреба на државни средства од еден дел јавни службенци“, се вели уште во соопштението на мисијата и се додава дека на многу гласачки места биле „многу видливи вршењето политичка кампања во близина на избирачкото место, како и изборни материјали од кампањите на политичките субјекти“.

Освен тоа, Меѓународната мисија за надгледување на изборите на Косово додава и дека семејното гласање е се‘ уште предизвик во многу избиричаки места.