1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Набљудувачите на ОН пристигнаа во Сирија

Претходницата на набљудувачката мисија пристигна во Дамаск. Примирјето генерално се почитува и покрај акциите на сириската армија.

Првата група набљудувачи на ОН кои пристигнаа во Сирија денеска треба да започнат со обиколка на теренот. Групата од шестмина набљудувачи кои се претходница на вкупно 30-те меѓународни монитори кои треба да пристигнат во земјата, се дел од договорениот план одобрен од Советот за безбедноста на ОН за постигнување примирје во Сирија по едногодишното насилство.

Тимот предводен од мароканскиот полковник Ахмед Химиче, кој најави дека првична цел на мисијата е да го постави оперативниот штаб и да оствари првични контакти со претставници на власта и опозицијата во земјата. Специјалниот пратеник на ОН Кофи Анан соопшти оти се надева дека бројот на набљудувачи во наредниот период ќе достигне 200 лица.

Во текот на вчерашниот ден и утрово биле забележани помали нарушувања на примирјето кое беше договорено за време на викендот. Агенциите јавуваат за напади на тенкови на сириската армија врз позициите на бунтовниците во градот Хомс, но засега нема информации за жртви или повредени.