1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Набљудувачите во Сирија биле спречени да ја видат реалната слика во земјата

Француското министерство за надворешни работи обвини дека на набљудувачите од Арапската лига не им било дозволено да ја видат реалната слика во сирискиот град Хомс, кој е упориште на протестите во земјата.

Министерството за надворешни работи на Франција денеска побара набљудувачите на Арапската лига да се вратат во градот Хомс и да им се овозможи патување насекаде, како и контакт со населението. Тоа смета дека набљудувачите не добиле реална слика за состојбите.

Во меѓувреме, Сирија денеска 755 лица, кои завршија во затвор поради протестите против режимот во земјата. Ослободувањето затвореници е еден од клучните услови за надминување на кризата, коишто беа поставени од Арапската лига, а прифатени од Сирија. САД го обинија сириското раководство дека ја заострило репресијата против демонстрантите пред доаѓањето на набљудувачите од Арапската лига.

Автор:АМ/СН/афп/миа

Редактор: Борис Георгиевски