1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Набљудувани, депортирани и заборавени

Германските процедури за азил одредуваат дека на власта и’ е дозволено да протерува бегалци само во таканаречените „безбедни“ земји од третиот свет. Но, не е лесно да се одреди која точно земја е безбедна.

Полицијата го зема Анур Насо и неговото семејство во Долна Саксонија во градот Гисен во раните утрински часови. 15-годишното момче и татко му беа протерани во Сирија, каде двајцата језуитски Курди беа затворени во Дамаск. Анур беше во затвор еден месец и три дена. „Бев уапсен и бев малтретиран“, вели за Дојче Веле младото момче.

Анур Насо и неговиот татко беа депортирани на 1. февруари, иако германското Министерство за надворешни работи со години ја истакнува проблематичната ситуација со човековите права во Сирија. Според извештаите, почнувајќи од есента 2009 година, во неколку случаи, бегалците депортирани во Сирија биле веднаш уапсени.

Далеку од очи, далеку од умот?

Илјадници бегалци се протерувани од Германија секоја година. Според сојузното Министерство за внатрешни работи, 6,632 лица биле депортирани до 2013 година. Како Анур и неговиот татко, тие понекогаш се собрани сред ноќ и однесени на аеродром.

Повеќето депортации не се спектакуларни, но многу завршуваат со трагедија, вели Бернд Месовиќ од организацијата за човекови права „Про Азил“, додавајќи дека германските власти не ја набљудуваат ситуацијата во тие земји.

Министерството за внатрешни работи во Берлин не го дели ова мислење: „Ние внимателно ја набљудуваме ситуацијата во земјите“, вели портпаролката и објаснува дека министерството ја прави својата проценка врз база на анализи од сојузното Министерство за миграција и бегалци, како и извештаите за ситуацијата од Министерството за надворешни работи.

Protest gegen Abschiebung von Vietnamesen

Протести против депортацијата

Бернд Месовиќ, сепак, критикува дека по правило никој не ја гледа судбината на бегалците откако се депортирани. Германската страна не смета дека е задолжена, од поглед на човекови права, да ги следи случаите, вели тој. „Идејата е да се пратат граѓаните од одредена земја назад во своите родни земји, кои потоа се грижат за нив“.

Додека Министерството за внатрешни работи призна дека имале проверки во неколку случаи, портпаролката истакна дека тие проверки не се задолжителни, бидејќи луѓето се депортирани само ако нема пречки за депортацијата, како измачување, нечовечки третман во земјата на дестинацијата.

Според германско право, луѓето можат да бидат протерани само во земјите, каде што не им се заканува смрт и измачување, или нечовечки, деградирачки третман. Соодветно на тоа, 8.376 бегалци - тоа е 13.5 проценти од сите баратели на азил во 2012, ја избегнале депортацијата, бидејќи им се заканувало прогонување во нивните родни земји. Многу од нив беа од Сирија, Авганистан и Ирак.

Мнозинството од бегалци депортирани од Германија од јануари 2013 беа вратени во Србија, Македонија и Косово. Многу од нив беа Роми кои страдаат во нивните родни земји, вели Фолкер Мариа Хигел од Советот за бегалци во покраината Северна Рајна Вестфалија: „Скоро сите од нив припаѓаат на малцинство чија ситуација е прикриена во Германија. Човековите права секој ден се прекршуваат“.

Процедура базирана на правила од ЕУ

Судбината на многу бегалци кои стигнуваат до Германија не се решава во Германија: Регулацијата од Даблин на ЕУ предвидува дека земјата членка на ЕУ во која барателот на азил првпат стапнал е одговорна за евалуација на барањето на бегалецот. Ако, сепак родната земја на барателот на азил се смета за безбедна, бегалецот е вратен назад без натамошно одложување. Според тоа, минатата година, 3.037 баратели на азил беа префрлени во други нации на ЕУ каде првенствено аплицирале за азил.

Според законот за азил на Германија, сите членки на ЕУ, како и Норвешка и Швајцарија, се сметани за безбедни трети земји. Сепак, има исклучок: во 2009 година, уставниот суд во Германија, прогласи дека Грција не е безбедна земја, поради лошите услови за бегалците таму, и германските власти престанаа да праќаат баратели на азил во Грција. Иако нема сѐ уште основна пресуда, неколку државни судови ги запреа депортациите и во Италија и Унгарија.

Abgeschobene Roma im Kosovo

Многу Роми се депортирани назад во Македонија, Србија и Косово

Назад по 28 месеци

Депортацијата од Германија во Сирија речиси е сопрена. Во март 2013, тогашниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих го продолжи сопирањето на депортациите за уште шест месеци.

Според министерството, последното протерување во Сирија се случило во април 2011 - неколку недели откако Анур Насо и неговиот татко беа натерани да ја напуштат Германија. Во меѓувреме, двајцата се вратија во Германија, каде имаат официјален статус на бегалци.