1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мaкедонија во Брисел го претсавува акциониот план за НАТО

*

Мaкедoнија денеска во Брисел на состанокот со Високиот политички комитет на НАТО ќе ја презентира годишната програма во рамките на Акциониот план за членство. Во програмата се содржани досегашните достигнувања во севкупните реформски процеси во земјата, како и конкретните планови и активности за исполнување на потребните критериуми и стандарди на патот до поканата за полноправно членство. Се очекува ова да биде последна акциона програма пред евентуалната покана за членство во Алијансата во април наредната година.