1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мјулен нов шеф на генералштабот на армијата на САД?

*

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс го номинира адмиралот Мајк Мјулен за наследник на генерал Питер Пејс на функцијата началник на здружениот генералштаб на оружените сили. За кандидатурата на Мјулен треба да се изјаснат и претседателот Буш, како и сенатот.

Пејс, некогашен близок соработник на поранешниот министер за одбрана Рамсфелд, по само две години ја напушта функцијата. Продолжување на мандатот е исклучено поради отпорите не само кај Демократите, кои доминираат во Сенатот, туку и кај некои од Републиканците, поради улогата на Пејс во војната во Ирак.