1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Му се гледа ли крајот на режимот на Мугабе?

Во Зимбабве, партијата на претседателот Роберт Мугабе го загуби парламентарното мнозинство по изборите што се одржаа во земјата. Официјалниот исход од претседателските избори меѓутоа и натаму не е познат .

default

Роберт Мугабе

Демократските промени во Зимбабве  повеќе  не можат да бидат запрени.


Завршува една ера


 Партијата на  Роберт Мугабе,  борецот за ослободување и некогашен носител на надеж во Африка ,  28 години по независноста на Зимбабве ја загуби подршката од народот  на парламентарните  избори. Меѓутоа сеуште постои можност во евентуален втор круг од претседателските избори , Мугабе да и се спротистави на судбината.


Опозицијата од другастрана веќе објави победа на нејзиниот претседателски кандидат Морган Цвангираи . Според нејзини податоци тој го победил Мугабе уште во првиот круг гласање.Генералниот секретар на опозициската МДЦ партија Тендаи Бити истакна:


„Некои кругови треба да треба да увидат , дека втор круг избори би бил сремен за одредени постари владеачи во земјата. Ние сега очекуваме службена  потврда на резултатите, на кои државните медиуми веќе го подготвија народот“


Владејачките сеили сеуште не се предаваат


Дневниот весник Хералд беше првиот државен орган која ја стави под прашање победата на Мугабе. Меѓутоа весникот истакнува  дека и на опозицијата и недостасува мнозинство и оти ќе има втор круг избори. Поради тоа владејачката партија го осуди   предвременото објавување на победа од страна на опозицијата. Водечкиот политичар во владејаќката ЗАНУ партија Кристофер Муцванга синоќа беше далеку по воздржан:


„Ние  ги прифаќаме само резултатите кои се објавени од со устав предвидената институција  а не од другите партии . Само Изборната комисија може да објавува резултати“

Досега Изборната Комисија ги објави само резултатите од парламентарните избори. И според нив опозициската МДЦ има јасно мнозинство. Му се гледа крајот на режимот на Мугабе . Сега се поставува прашањето дали официјалните резултати од претседателските избори ќе му овозможат на 84 годишниот Мугабе барем шанса за втор круг гласање.