1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Му пречи ли некому мирна мултиетничка Струга?

Во Струга е тензично. Пародиите од Вевчанскиот карневал со куранот, верниците ги разбрале како исмевање со исламот. Имаше протести, се симнуваше и палеше македонското знаме, се каменуваа автобуси, уништен е црковен крст

As for the rights to publish this photos with my name on them, here I confirm that DEUTSCHE WELLE HAS THE RIGHTS TO PUBLISH ALL THE PHOTOS SENT FROM MYSELF PETR STOJANOVSKI, WITH NO TIME LIMIT. Best regards, Petr Stojanovski

Струга

Повредени верски чувства или политиката пак замешала прсти? Јавноста ги бара причините за тензиите кои пред неколку дена почнаа во Струга. Струшкото муфтиство во петокот (27.01)организираше протестен митинг, на кој собра неколку илјади верници. Тие ја изразија огорченоста од маските на неодамнешниот карневал во Вевчани преку кои, според нив, се исмејувал исламот и се поврдувале нивните верски чувства. Бараа извинување од градоначалникот на Вевчани, од организаторите на карневалот, и нивно законско санкционирање.

„На карневалот може се‘ да се исмејува. Може политичари, поединци и здруженија, но не може верата и нацијата“, изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Вевчанскиот карневал во вртлогот на недоразбирањата

„Замешана е политиката и мислам дека протестот значеше собирање ситни поени од страна на струшкиот градоначалник. Малку се искористи и муслиманската вера што не е добро. Настојуваме да се смири ситуацијата во

Spannungen und Zwischenfälle in Struga Mazedonien

Перо Илиески, градоначалник на Вевчани

секој поглед. Карневалот е вековна традиција, познат по сатирата и хуморот. Постојано имало исмејување со цркви и џамии, со попови и со оџи“, возврати градоначалникот на Вевчани Перо Илиески.

Невладината „Преродба“ од Лабуништа се повика на Уставот и законите во Македонија и соопшти дека е недомократски да се омаловажуваат другите. Но доколку не добијат извинување и соодветна реакција на институциите, најавија преземање ригорозни мерки насочени кон Вевчани и вевчанци - од отпуштања од работа до...:

„Бојкот на амбулантата во Лабуништа и Општата болница во Вевчани која живее и опстојува токму од муслиманите од Лабуништа и околината.“

Пораки со смртни закани до православните

По протестот, редица инциденти. Од јарболот пред општината беше симнато и запалено македонското знаме и поставено знамето на ИВЗ. Беше каменуван

Spannungen und Zwischenfälle in Struga Mazedonien

Оштетен крст во село Боровец

автобус од Вевчани, а следеше уште едно симнување на државното знаме пред Центарот за култура. Последните два дена се забележани поситни инциденти во селата Лабуништа, Боровец и Октиси, во кои жителите се од мешан етнички состав. Се кршат стакла на прозорците на амбулантите, црковни крстови и се пишуваат графити, дури и со смртни закани за православните. Загрижува и вербалната војна која зема замав на социјалните мрежи.

Инцидентите се увезени, тврди градоначалникот Мерко и апелира за смиреност во мултиетничка Струга:

„Поттикнувачите доаѓаат од други општини и места и инцидентите не се производ на стружани, кои со векови живеат одлично.“

Spannungen und Zwischenfälle in Struga Mazedonien

Искршени прозорци на амбуланта во Лабуништа

Невладините организации од Струга ги осудија сите немили случки. Дел од нив велат дека ова значи предвреме почната кампања за локалните избори догодина. На градоначалникот Мерко му забележаа што беше во првата линија на протестот.

Ќе бидам секаде каде што ќе се впери прст против некоја нација и вера, одговори тој: „ Ако се исмејува православната вера и да излезат свештениците и јас ќе сум со нив, сигурно“, рече градоначалникот Мерко.

Против инцидентите се сите, но пак ги има

Смирувачки тонови за соживот стигнуваат од повеќе страни, но инцидентите зачестија. „Се работи за изолирани случаи и преку специјален тим будно ја

Spannungen und Zwischenfälle in Struga Mazedonien

Една од спорните маски на карневалот

следиме состојбата во Струга. Истрагата ќе треба да резултира со пронаоѓање и санкционирање на сторителите“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР – Охрид.

„Против одредени радикални групи не може ниту добронамерниот верник, ниту добронамерниот градоначалник или политика да ги држи под контрола. Сепак тоа треба да го сторат органите на редот,“ смета градоначалникот на Вевчани.

Инцидентите во Струга кои се во насока на уривање на соживотот и верската и меѓуетничка толеранција вчера ги осудија и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ . Опозицијата побара ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да испратат заедничка јасна порака дека нема да ги толерираат политичките провокации кои си поигруваат со меѓуетничките односи.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска