1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мушараф под притисок

На парламентарните избори во Пакистан победи Пакистанската народна партија на убиената Беназир Буто. Муслиманската лига на Наваз Шариф е втора, додека далеку заостанаа приврзениците на претседателот Первез Мушараф.

default

Пакистанските граѓани со оптимизам го очекуваат формирањето нова влада

Асиф Зардари, вдовецот на убиената Беназир Буто и шеф на Народната партија го потврди залагањето за состав на нова влада и вети промена на системот. Тој настојува кон формирање широка национална влада и посебно и’ понуди соработка на Муслиманската лига на Наваз Шариф. Иако Зардари не го нападна директно претседателот Мушараф и неговата позиција му ја препушта на парламентот, Мушараф останува под силен притисок. Тој ги одби барањата на Наваз Шариф и на други политичари да поднесе оставка и вети соработка со секоја можна влада.

Реномиранот коментатор Мубашир Заиди од ТВ центарот Даун Њус, вели: „Мислам дека Мушараф е многу тешка позиција. Мора да сфати дека длабоко ја потресе нацијата, а таа сака основните прашања еднаш за секогаш да бидат решени: мешањето на армијата во политиката и независноста на судството.“

Посебно независноста на судството на претседателот може да му приреди бессони ноќи. По воведувањето вонредна состојба во ноември, тој смени голем дел од судиите од највисоките судови, за во прв ред правно да го обезбеди сомнителниот повторен избор.

Асиф Зардари, вдовецот на Беназир, вчера повторно се изјасни за слобода на медиумите и за независно судство. Тој исто така јасно стави на знаење дека САД, традиционално поврзани со Мушараф, не треба да застанат на патот на промената на власта:

„Се сретнав со тојца сенатори и со американскиот амбасадор. Јасно е дека Америка е на страната на пакистанскиот народ.“

Тој демнатира дека самиот има намера да биде премиер. Вечер се среќаваат Зардари и Наваз Шариф за да се договорат за наредните потези. Пакистан со оптимизам го очекува формирањето влада, за што показател е и берзата во Карачи. Синоќа ја заврши работата со највисокиот познат скок.