1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мушараф под притисок

Пакистанските сили за безбедност повторно ултимативно побараа од радикалните исламисти забарикадирани во џамијата да се предадат, но тие одбиваат капитулација.

default

Опколената Црвена џамија во Исламабад

Муслимански верски водачи денеска ќе се обидат да посредуваат за конфликтот да не се претвори во крвопролевање.

Жртви има на обете страни, но колку? Повеќе од 300 тврди водачот на коранското училиште, Абдул Рашид Гази, според кого скоро сите се жени и деца. Претставник на пакистанакста влада напротив тврди дека тоа е лага и дека вкупно од почетокот на конфликтот има 22 жртви. Меѓутоа, ситуацијата ја користи моќниот опозиционен верски сојуз ММА за да ги критикува армијата и владата. Неговиот водечки политичар Мунавар Хасан изјави:

„Армијата треба да се повлече. Таа уби 300 ученици. Тие беа ученици, а не терористи. Никој не се согласува со таква операција на армијата„.

Лидерот на бунтот во Црвената џамија, Абдуал Рашид Гази тврди дека преку конкретниот конфликт, нему му е до судбината на целата земја. Пакистанските весници ги цитираат неговите зборови: „Верувам дека маченичката смрт на оние што даваат отпор ќе предизвика исламска револуција во цел Пакистан„.

Очигледно е дека и претседателот на државата Первез Мушараф сака да избегне крвопролевање, меѓутоа изјави дека нема да има компромис. До милитантите во џамијата тој апелира:

„Треба да излезете и да се предадете. И ве предупредувам: ако не го направите тоа, ќе бидете убиени. Овојпат покажавме многу трпеливост, но не затоа што не можеме да ве уништиме. Ние сме загрижени за жените и децата и сакаме да спречиме невини жртви„.

И натаму е нејасно колку луѓе има во џамијата. Владата вели меѓу 200 и 500, лидерот на бунтовниците Гази - илјада и 800. Во меѓувреме расте и притисокот на јавоста врз претседателот Мушараф бргу да ја оконча драмата, по можност без крвопролевање.