1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мушараф повикува на смиреност

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф повика на смиреност по серијата насилства во земјата во кои 34 лица ги загубија животите. Најжестоко беше во Карачи каде дојде до големи улични судири меѓу приврзениците на Мушараф и министерот за правда Ифтикар Чаудри, кој во март беше разрешен од функцијата. Мушараф во говор во Исламабад отфрли можност за прогласување вонредна состојба во земјата и апелираше до населението да биде единствено.