1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мушараф најави оддржување избори во Пакистан

*

Осум денови по воведувањето вонредна состојба во Пакистан претседателот и шеф на армијата Первез Мушараф најави скорешно оддржување на парламентарни избори. Гласањето ќе се оддржи пред 9 јануари 2008 година, рече Мушараф. Најмалку до тогаш треба да важи вонредната состојба. Тоа е неопходно, бидејќи земјата се наоѓа во тешка ситуација, соопшти генералот. На изборната комисја и препушта да го одредеи конечниот термин за избори. Како што беше планирано во четврток ќе биде распуштен парламентот. Водачот на опозицијата во Пакистан, Беназир Буто во меѓувреме пристигна во Лахоре ,од каде сака да ги предводи демонстрациите кон Исламабад. Протестите се против вонредната сосотојба во земјата.