1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Муслиманското братство преговара со власта во Египет

Муслиманското братство, исламистичка организација која важи за најсилен опозиционен субјект во Египет, заедно со други опозициони групи, присуствува на разговорите со владата околу наоѓање решение за политичката криза.

default

Плоштадот Тахрир денеска (06.02)

Претставници на Муслиманското братство се на средбата со вицепретседателот на Египет Омар Сулејман, на која има и претставници на секуларните опозициони партии и независни политичари и бизнисмени. Претставниците на Муслиманското братство се решија на разговори за да преговараат за „легитимните и праведни барања“, се вели во соопштение на организацијата издадено утринава. Муслиманското братство инсистира на итно повлекување на претседателот Хосни Мубарак, исто како и демонстрантите собрани во центарот на Каиро, изјави портпаролот на организацијата, Мохамед Мурси.

Инаку, под влијание на протестите на опозиционерите оставка поднесе Извршниот комитет на владејачката партија на претседателот Мубарак. Државната телевизија јави дека Хосни Мубарак за нов генерален секретар на Националдемократската партија го именувал Хосам Бадрави, но самиот останал на функцијата партиски лидер. Претходно, се проширија гласини дека претседателот Мубарак се откажал од лидерската функција во партијата, што за кратко време предизвика радост кај демонстрантите на плоштадот Тахрир во Каиро, но набрзо потоа државната телевизија ги демантираше ваквите информации. Новоименуваниот Генерален секретар на Националдемократската партија, Бадрави, е познат по своите добри врски со египетската опозиција, а доаѓа на

Dr. Hossam Badrawi, Samir 'Zizo' el Eskandrani und Gamal Mubarak

Хосам Бадрави (л.) е нов генерален секретар на Националдемократската партија

местото на досегашниот генерален секретар Сафуат ел Шериф. Истовремено, Бадрави го менува и синот на Мубарак, Гамал, кој се повлече од функцијата претседател на Политичкиот комитет на партијата. Досега се сметаше дека Гамал ќе го замени на лидерската функција својот татко Хосни Мубарак.

Добро е, но треба уште

Американската влада ги оцени оставките во врвот на египетската владејачка партија како „позитивен чекор кон неоопходните политички чекори“. Вашингтон очекува преземање нови чекори, изјави портпаролот на американскиот Безбедносен совет, Томи Витор во Вашингтон. Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон, вчера побараа „реален, видлив и значителен пресврт“ во Египет, кој би морало „да почне веднаш“. САД се дистанцираа од изјавите на својот специјален пратеник за Египет Франк Визнер, кој се изјасни за привремено останување на Мубарак на власт. Претставник на американската влада на безбедносната конференција во Минхен, рече дека

Obama / Ägypten / USA

Американскиот претседател Барак Обама заедно со британскиот премиер Камерон, побараа „реален, видлив и значителен пресврт“ во Египет

изјавите на Визнер „се негови, а не на американската влада“. Визнер, имено, преку видео-вклучување на Минхенската конференција, изјави дека смета оти „раководењето на Мубарак е и натаму од значење“ и дека Мубарак е „стар пријател“ на САД.

„Другите држави да се држат настрана“

Според германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле потрагата по наследник на Мубарак мора да му се остави на египетскиот народ. „Тоа е работа на египетскиот народ, тој одлучува кој ќе владее“, рече Вестервеле денеска на конференцијата во Минхен. Министерот уште еднаш повтори дека Египет може да добие поддршка на патот кон демократија, како поддршка за организирање избори и изградба на правосудниот систем, но во потрагата по наследник на Мубарак, останатите држави треба да се држат настрана.

Египетската влада денеска прави напор да ги натера демонстрантите за де повлечат од плоштадот Тахрир и да се врати нормалниот живот, со тоа што повторно би требало да работат банките и продавниците.

Автор: ЕМФ/СН/афп/дапд/ртр

Редактор: Симе Недевски

DW.COM