1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мусауи осуден на доживотен затвор

Во единствениот процес во САД поради нападите од 11 септември 2001 година,12-мината од поротата не можеле да се усогласат Французинот по потекло од Мароко да биде осуден на смрт,соопшти судот од Александрија.

default

Мусауи ја презеде одговорноста за шест точки од обвинението против него.37 годишниот по потекло Мароканец бил уапсен три недели пред нападите од 11 септември 2001 година.Според сопственото признание,тој требало да управува со авион кој би го урнал врз Белата Куќа во Вашингтон.Но,ова го оспорија уапсените припадници на терористичката организација Ал Каеда во нивните писмени признанија.Одбраната изјави дека Мусауи страда од психички пореметувања.

Претставник на судот изјави дека причина за пресудата за доживотен затвор е тоа што поротата не можела да се усогласи дали делувањето на Мусауи водело кон смрт на 3 илјади луѓе во нападите.Тројца од поротниците сметале дека улогата на Мусауи,ако воопшто ја имал ,била од мало значење.Одлука за смртна казна може да биде донесена само едногласно.Оваа одлука инаку претставува еден вид пораз на обвинителството,кое бараше најстрога казна за обвинетиот Мусаии.

Американскиот претседател Џорџ Буш во првата реакција ја поздрави пресудата.Злото е победено,рече тој.Истовремено потсети дека борбата против тероризмот мора да продолжи натаму.

Ова беше досега единственпроцес во САД во врска со нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк,Вашингтон и Пенсилванија,во кои загинаа околу 3 илјади луѓе.