1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мусави подготвен да го жртвува животот

Лидерот на иранската опозиција Мир Хосеин Мусави го осуди крвавото задушување на најновите протести во земјата и истакна дека е подготвен, ако е потребно, да го жртвува и својот живот во името на правата на граѓаните.

default

Во своето прво обраќање по најновите тешки судири меѓу припадниците на опозицијата и безбедносните сили во Иран, лидерот на опизициското движење, Мир Хосеин Мусави побара од раководството на државата да сопре со репресиите. Исламската република се наоѓа во тешка криза и владата мора конечно да преземе одговорност за грешките, кои доведоа до актуелната ситуација. Истовремено, Мусави ги осуди и жестоките мерки што ги презедоа безбедносните сили. Мусави нагласи и дека ако е потребно, тој е подготвен да го даде и својот живот за религиозните и национални права на иранскиот народ.

Изминативе денови приврзаниците на државното раководство постојано бараa смртна казна за двајцата опозициски лидери, Мусави и Каруби. Државниот обвинител Голам Хосеин Мосени-Ејехеи се закани дека против двајцата политичари ќе покрене обвинение поради „поддржување на непријателите господови“. Тврдокорните конзервативци во земјата ги означија оние кои демонстрираа за време на верскиот празник Ашура за „мохареб“, односно „господови непријатели“, кои според иранскиот закон можат да бидат осудени на смрт. Првиот човек на правосудството, Ебрахим Раиси, во овој контекст, за иранската новинска агенција ИРНА истакна дека и уапсените од минатиот викенд исто така би можеле да се соочат со вакви обвиненија. Според опозицијата, преку осумстотини приврзаници се зад решетки, од кои триста само во Техеран. Освен тоа, беа уапсени и околу осумнаесет поблиски соработници на Мусави.

Опозициското движење ќе продолжи се` додека не се случат промени

Symbolbild Menschenrechte Iran

Мусави побара ослободување на политичките затвореници

Во изјавата објавена на една од интернет-страниците на опозицијата, Мусави истакнува дека ниту неговата или смртта на Каруби нема да променат ништо во моменталната ситуација во земјата. Опозициското движење во меѓувреме се здоби со таква динамика, што може да продолжи да делува и без досегашните лидери - се` додека во земјата не дојде до реформи. На крајот на краиштата, ни јас, ниту Каруби не повикавме на демонстрации изминативе денови, вели Мусави.

Вчера попладне на повеќе места во Техеран повторно дојде до немири, а судири меѓу опозицијата и безбедносните сили имало и во јужниот дел на градот, каде што се наоѓа гробот на Али Мусави, внукot на Мир Хосеин Мусави која беше застрелан во протестите пред некој ден. Тoj беше погребан по брза постапка, бидејќи властите одбиваа порано да го предадат телото, од страв дека тоа ќе придонесе за нови протести.

Автор: Улрих Пик / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска - Фиданоска