1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мусави не се откажува

Водачот на опозицијата во Иран побара дозвола за мировни протести. Очевидци јавуваат дека полицијата во Техеран употребила солзавец против демонстрантите. Американскиот претседател побара да прекине насилството.

default

Мир Хусеин Мусави

Водачот на опозицијата и претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави истакна дека иранските власти мора да дозволат мировни протести „Оние кои нема да дозволат такви собири, ќе бидат одговорни за опасни последици“, рекол Мусави, пренесува агенцијата Ројтерс.

Претходно Мусави повторно се заложи да бидат поништени резултатите од изборите, а граѓаните ги повика на генерални протести, во случај да биде уапсен. „Овие иритирачки мерки биле планирани со месеци пред изборите. Имајќи ги в предвид сите прекршувања, изборите би требало да бидат поништени“, истакна Мусави во писменото соопштение упатено до највисокото законодавно тело во Иран, Советот на чуварите на револуцијата.

Повредени за време на демонстрациите

Иранската полиција за време на последните протести употребила водени топови, солзавец и гумени палки за да ги растера демонстрантите, кои на улиците на Техеран протестираа поради резултатите од минатонеделните претседателски избори. Според очевидци, 50 до 60 лица биле однесени во болница поради повреди. Најмалку едно лице е рането од огнено оружје. Исовремено во близина на мавзолејот на водачот на Исламската револуција, ајатолахот Хомеини, бомбаш самоубиец си го одзема животот активирајќи експлозив. Во инцидентот биле ранети три лица.

Обама бара прекин на насилството

Американскиот претседател Барак Обама, побара од властите во Иран да го стопираат „насилното и неоправдано“ спречување на протестите на опозцијата, поради резултатот од претседателските избори. „Ја повикуваме владата на Иран да ги прекине сите насилни и неправедни акции против својот народ“, се вели во досега најострото соопштеније на американскиот претседател Обама. Во соопштението се наведува и дека „мора да се почитуваат општите права за собири и слобода на говорот, а САД се на страна на оние кои бараат остварување на овие права.“ Обама досега избегнуваше остри изјави, за да не му префрлуваат дека се меша во внатрешните работи на Иран. Сега за првпат тој му се обрати на иранскотото раководство „Идеите никогаш не можат да се потистан со репресија“, истакна Обама.

Повеќе стотина луѓе протестираа пред Белата куќа во Вашингтон во знак на солидарност со иранскиот народ, оспорувајќи ги резултатите од претседателските избори во Иран. Протести за поддршка на иранската опозиција се одржаа во повеќе европски земји. Во Валипинт крај Париз се собраа околу 90 илјади демонстранти, а во Германија протести се одржаа во неколку големи градови. Демонстрантите носеа зелени ленти околу рацете и рози.

Автор: АТ/дв/ројтерс/бета

DW.COM