1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мурси попушти пред опозицијата

Египетскиот претседател Мохамед Мурси го укина спорниот декрет за проширување на неговите овластувања. Претседателот меѓутоа опстојува на датумот за одржување на референдумот за уставот.

Траеше долго, но египтскиот претседател Мохамед Мурси ги анулираше спорните вонредни овластувања. Декретот е вон сила, известија медиумите во земјата. Претходно Мурси, според премиерот Хишам Кандили свикал гремиум составен од шест лица, за да извршат проверка на декретот за посебните овластувања за него, како и да побараат „правно решение“ за одложување на референдумот за новиот устав. Како што соопшти Мохамед Селим ал Ава, кој зема учество на советувања, референдум за уставот треба да се одржи според планираното на 15. декември.

Што подразбира Мурси под дијалог

Proteste in Ägypten gegen Präsident Mursi

Протести во Египет против Мурси

Со поништувањето на посебните овластувања Мурси исполни едно од централните барања на опозицијата, чии приврзаници со денови демонстрираат пред претседателската палата. Мурси со уставна декларација на 22. ноември одлучи дека правните органи немаат овластувања да спречат спорведување на неговите декрети. Тој исто така на судиите им го ускрати правото да го отпуштата собранието кое работи на уставот, во кое доминираат исламистите.

Закани и предупредувања

Последните денови протестите во Каиро ексалира до таа мера, што египетската војска мораше да се вмеша во борбата за превласт меѓу приврзаниците и противниците на Мурси. Доколку политичката криза не биде надмината се закануваат „консеквенции со големи последици“, стоеше во објавата на силите за безбедност, прочитана вчера на телевизијата. Сериозен дијалог е „најдобриот и единствениот пат“ за да се стави крај на спорот околу новиот устав и декретите.

Сличен став изнесе и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Владата би морала „да води разговори со сите општествени групи“, изјави Вестервеле во телефонски разговор со неговиот египетски колега Мохамад Камел Амр, соопшти германското министерство за надворешни работи во Берлин.