1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мурси обвинет поради заговор со Хамас

Поранешниот египетски претседател Мохамед Мурси во Каиро е обвинет за соучесништво со палестинското движење Хамас при бегството од затвор во 2011 година. Против Мурси се води и друг процес.

Поранешниот египетски претседател и исламист Мохамед Мурси е обвинет за заговор и соучесништво со палестинското движење Хамас, објави денеска (18.12.) египетското државно обвинителство во Каиро. Обвинителството го обвинува Мурси за „шпионажа за странски организации“, кои сакале да подготвуваат „терористички чинови“ во Египет.

Против Мурси во тек е кривична постапка поради наводно убивање на противнички демонстранти. За новиот процес не е наведен термин.

Мурси се обвинува дека заговарал со радиклано-исламистичкиoт Хамас, за во јануари 2011 година да избега од затвор. Мурси имено беше првиот слободно избран претседател во историјата на Египет. Изминатиот јули тој беше соборен од војската поради неговиот стил на владеење. Бегството од затвор е една од епизодите на револуцијата против претходникот на Мурси, Хосни Мубарак на почетокот на 2011 година. Мурси тогаш, како и многумина други исламисти, без обвинение лежеа во затвор. На 28. јануари кога почна да се наѕира крај на режимот, стражарите во многу затвори ненадејно ја напуштија службата. На тој начин тогаш и Мурси излегол на слобода.

Mеѓутоа, според гледиштето на државното обвинителство, Мурси тогаш насилно бил ослободен со помош на борците на Хамас од Појасот Газа.