1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мурси не се откажува од овластувањата

Египетскиот претседател Мурси вели дека нема намера да посегнува по судската власт во земјата, но засега не се откажува од зголеменитен овластувања. Најавени се нови протести.

Египетскиот претседател Мохамед Мурси се сретна вчера со членови на Врховниот правосуден совет со цел пред нив да ја образложи својата одлука за зголемување на неговите надлежности која предизвика бран на протести во целата земја и реакции на меѓународната заедница.

Мурси пред високите судски функционери нагласил дека неговата одлука не треба да се сфаќа како обид за посегнување кон судската власт.

Претставникот на египетската опозиција Хамадин Сабахи изјави дека протестите против претседателот ќе продолжат се’ додека тој не ја поништи одлуката за дополнителни овластувања, кои му даваат одреден имунитет од судски истраги. За денеска се најавени нови протести на опозиционерите, додека најавениот контра-протест на владејачката партија Муслиманско братство е откажан.