1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мурси е новиот Мубарак?

Противниците на египетскиот претседател Мохамед Мурси демонстрираа на плоштадот Тахрир во Каиро, барајќи исламистичкиот лидер да ја повлече декларацијата со која му се даваат широки овластувања.

„Сите револуционерни политички сили се согласија да започнат од петокот протест со седење“, рече поранешниот претседателски кандидат Хамдеен Шабани, повикувајќи на масовен протест во вторник.

Präsident Mohammed Mursi Ägypten Clinton Global Initiative New York

Египетскиот претседател Мохамед Мурси

Одлуката на египетскиот претседател Мусри да присвои пошироки овластувања вчера наиде на насилни судири како во центарот на Каиро, така и во останатите градови. Полицијата на плоштадот Тахрир мораше да употреби солзавец, бидејќи гневната младина фрлаше со камења врз полицајците. Насилни беа и протестите во Александрија, Порт Саид и Суец.

Противниците на Мурси го обвинија дека тој станува новиот Мубарак и оти ја зема во заложништво револуцијата, затоа што во четвртокот издаде декрет со кој неговите одлуки се над правните, се’ додека не биде избран новиот парламент.

Ägypten Proteste gegen den Präsidenten Mohamed Morsi

Протестите на многу места излегоа од контрола

„Луѓето сакаат да го соборат овој режим“, го извикуваа демонстрантите на плоштадот Тахрир слоганот, кој се користеше во соборувањето на режимот на Мубарак. „Бегај Мурси“, скандираа демонстрантите додавајќи: „Мубарак му кажа на Мурси дека затворот доаѓа по тронот“.

За потегот на Мурси загриженост веќе изразија и САД, ЕУ и ОН. Египетскиот претседател во објаснувањето за донесениот декрет кажа дека намерата е да се забрза заштитата на транзицијата, која била загрозена од правни пречки. Сепак, и печатот во Египет не гледа со одобрување на ваквиот потег. Независниот дневен весник Ал-масри ал-јоум излезе со наслов „Мурси е ’времен’ диктатор“.