1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мурси ги промени термините на изборите

По протестот на христијанското коптско малцинство, египетскиот претседател Мохамед Мурси ги смени термините за одржување на претстојните парламентарните избори во земјата.

Гласањето за избор на нов египетски парламент, кое е планирано да се одвива во четири фази, според новиот декрет издаден од претседателот на државата Мохамед Мурси, треба да започне на 22 и 23 април. Претходно, почетокот на првата фаза на изборите беше предвиден за 27 и 28 април и со тоа би се совпаднал со почетокот на велигденските празнувања на христијанското малцинство на Коптите, кои сочинуваат околу десет проценти од египетското население. Втората етапа од изборите, пак, беше планирана токму за велигденските празници на 4 и 5 мај. Со новиот декрет на Мурси, нејзиниот термин сега е поместен на 29 и 30 април. Севкупно, изборниот процес ќе се одвива во четири етапи кои ќе траат до јуни. Новиот состав на парламентот контитуитивна седница, сега според новоодредените термини, треба да одржи на втори наместо на 8 јули. Многу Копти во земјата стравуваат дека Мурси и исламистичката партија која го поддржува - Муслиманско братство, се обидува да го маргинализира ова христијанско малцинство, кое сочинува околу десет проценти од 83 милионското население на Египет, кое е главно сунитско муслиманско.

Промените во терминот, меѓутоа, речиси со сигурност нема да променат ништо во повиците за бојкот на изборите од страна на опозицијата во земјата. Таа најнапред бара изборите воопшто да не се одржат и поради кризата во земјата да се формира преодна влада составена од сите политички сили. Муслиманското братство меѓутоа ги отфрла ваквите барања. По соборувањето од власт на долгогодишниот властодржец Хосни Мубарак, во февруари 2011 година Египќаните еднаш веќе избраа парламент на слободни избори. Тој беше распуштен во јуни минатата година, само пет месеци по неговото конституирање. Претходно Уставниот суд на Египет поради формални грешки го прогласи за неуставен изборниот законик.