1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мурињо се враќа во Челзи

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо, денеска (03.06) потпиша четиригодишен договор со Челзи, објави клубот на својата официјална интернет страница.

Мурињо на овој начин се враќа во Челзи. Претходно тој ги предводеше „сините“ во периодот 2004-2007 година. Во својот прв мандат како менаџер на Челзи, Мурињо освои две титули во Премиер лигата и во Лига купот и една титула во ФА купот.

„Многу ми е драго што можам да го поздравам Жозе кој се враќа во Челзи. Неговите успеси, начинот на кој го води тимот и неговите амбиции го направија прв кандидат за тренер на клубот. Наша цел е да продолжиме да напредуваме како клуб, а Жозе е вистинскиот менаџер за таа работа“, рекол Рон Гарлај извршниот директор на Челзи.

Мурињо по заминувањето од Челзи работеше во Интер, каде во 2010 ја освои тројната круна, а потоа се пресели во Реал, каде остана три години.

Португалецот со себе на „Стенфорд Бриџ“ ќе го донесе и својот стручен штаб кој го сочинуваат Руи Фариа, Силвињо Лоуро и Жозе Морас, а во клубот ќе останат Стив Холанд, Кристоф Линколн и Крис Џонс. Челзи својот нов менаџер ќе го претстави на прес-конференција која ќе се одржи за една недела.