1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мурињо заминува од Реал Мадрид

Името на наследникот на португалскиот стратег на клупата на шпанскиот гигант се уште не е познато, иако не е тајна дека челниците на Реал преговараат со Карло Анчелоти. Мурињо, најверојатно, ќе биде нов тренер на Челзи.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и официјално соопшти дека клубот следната сезона ќе ја дочека со нов тренер.

„Во меѓусебен договор со Мурињо одлучивме дека најдобро за двете страни е да заврши нашата соработка. Тој не е отпуштен туку одлуката за негово заминување е заедничка. Раководството на нашиот клуб му се заблагодарува за неговата работа и постигнатите резултати. Реал Мадрид предводен од Мурињо изминативе три години забележа видлив напредок. Му посакуваме се најдобро во новата средина, истакна Перез на прес-конференцијата на која го објави заминувањето на Португалецот.

Жозе во Мадрид пристигна во 2010. година, а со клубот освои еден шампионски трофеј, еден трофеј од „Копа дел Реј“ и еден Суперкуп. Три сезони по ред тимот испаѓаше во полуфиналето на Лигата на Шампионите. Сезонава 2012/13 Мурињо ја оцени како најлоша во неговата тренерска кариера.

Речиси е извесно дека следниот ангажман на Мурињо ќе биде на клупата на неговата „стара љубов“- лондонскиот Челзи. Но неизвесно е кој ќе го наследи на клупата на Реал Мадрид. Челниците на шпанскиот гигант веќе подолго време преговараат со Карло Анчелоти, но раководството на ПСЖ, клубот Италијанецот е тренер во моментов, го одби неговото барање за ослободување од договорот.

Осми тренер во Реал за 10 години

Флорентино Перез во 2000. година стана претседател на Реал Мадрид и со пауза од три години, периодот од 2006 до

2009 година, десет години е прв човек на „кралскиот клуб“. За време на неговото владеење, кое сe уште трае, еден од најдобрите и најпопуларни светски клубови

Florentino Perez

Флорентино Перез

освои три шампионски титули во Шпанија, три титули во Суперкупот, Купот на кралот во 2011, Лигата на шампиони во 2002 година и Интерконтиненталниот куп во 2002 година. За една деценија, колку што е претседател на Реал, Флорентино Перез сменил осум тренери.

Актуелниот шпански селектор Винсенте Дел Боске е најуспешен од тие осуммина, тренер на Реал бил 1.031 ден, период во кој освои седум трофеи. Португалецот Карлос Кеирош беше помошник на Алекс Фергусон во Манчестер

Јунајтед, Перез му даде работа, а го отпушти по нецела година, Португалецот беше тренер на Реал 273 денови. Кеирош со Реал го освои Суперкупот на Шпанија во 2004 година. Легендарниот играч на Реал, Антонио Камачо на клупата на „кралскиот клуб“ се задржа само 20 дена во летото 2004 година, него го наследи Гарсија Рамон, но тој не издржа ниту сто денови, доби отказ во декември истата година. Бразилецот Вандерлеи Луксембурго издржа нецела година на клупата на Реал (јануари-декември 2005), но замина откако не освои ниту една титула. Слична судбина како Луксембурго доживеа и Мануел Пелегрини, и тој без да освои трофеј замина по една година – клуч за неговиот отказ беше раната елиминација во Лигата на шампиони.

Жозе Мурињо беше донесен како спасител на Реал и како човек кој на клубот покрај славата ќе му ја врати и доминацијата во европскиот фудбал. Но ниту харизматичниот Мурињо не успеа да ги среди работите во соблекувалната на Реал, а откако во сезоната која полека се ближи кон крајот не освои трофеј и тој ќе мора да го напушти клубот.