1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мун: ОН планираат да ја прошират својата улога во Ирак

*

ОН планираат да ја прошират својата улога во Ирак, во доставувањето хуманитарна помош и во насока на национално помирување, но нема да се ангажираат со поголемо присуство се додека не се подобрат безбедносните услови во земјата, изјави генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун на отворањето на конференцијата за Ирак којашто се одржува во Њујорк. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави дека неговата влада може да се грижи за безбедноста на поголем контингент на ОН. На средбата учествуваат, министри и високи претставници на 13 земји меѓу кои и на соседите на Ирак. На состанокот треба да се одобри и петгодишен план за стабилизација на политиката, стопанството и безбедноста во Ирак.