1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мултикултурен старечки дом

Се` поголем број стари муслимани кои живеат во Германија мора да заминат во старечки дом. Домот „Куќа на Зандберг“ во Дуизбург постои 10 години и е единствен мултикултурен старечки дом во Северна Рајна Вестфалија.

default

Куќата на Зандберг

Меѓу 96-те станари на домот „Куќа на Зандберг“ има луѓе од седум нации. Повеќето страдаат од деменција и се контактибилни само во одредени граници. Најбројни се германските сениори, по кои следуваат гастарбајтери со турско потекло, а има и Тунежани, Срби, Хрвати, Шпанци и Холанѓани.

Раководителот на домот Ралф Краузе, објаснува: „Имаме турска готвачка, социјален работник со турско потекло, како и 22-ца болничари со турско потекло, кои зборуваат турски и можат да се разберат со луѓето. Токму тие кои се кај нас не зборуваат многу германски, зашто и` припаѓаат на првата генерација гастарбајтери.“

Das Altenheim Haus am Sandberg in Duisburg

Негувателите зборуваат турски за да се разберат со станарите

Кога дошле во Германија во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, гастарбајтерите мислеле дека ќе работат само неколку години, но повеќето останале или повторно се вратиле во Германија, откако сфатиле дека Турција им станала туѓа. Првата генерација доселеници сега се луѓе на околу осумдесетгодишна возраст. Тоа е првата генерација која оди, или ќе замине во старечки дом.

За муслиманските станари на домот, Ралф Краузе обезбедил и просторија за молење и се погрижил двапати неделно да доаѓа оџа. Хасан Демирел е слободен имам и се грижи за сениорите од 2004 година: „Вообичаено овде одржувам пладневна молитва, а сениорите кои имаат доволно сила доаѓаат и се молиме заедно.“

Потребни се и мултикултурни и чисто муслимански старечки домови

„Куќата на Зандберг“ е установа на германскиот Црвен крст. Првичниот обид пред 10 години да биде дом само за муслимански сениори пропаднал, затоа што ги немало во доволен број, а освен тоа брзо станало јасно дека

Multikulturelles Altenheim in Duisburg P178

Раководителот на домот Ралф Краузе разговара со една станарка

муслиманите не се хомогена група. Во домот живеат Сунити, Шиити, Алевити, на возраст од 50 до 80 години, со многу различно ниво на образование и различна здравствена состојба. Затоа домот се решил на мултукултурен концепт. Негувателката Елмас Демирел објаснува дека се почитуваат специјалните потреби, доколку тие навистина можат да се реализираат.

„Сега почнавме многу интересен проект кога станува збор за ’збогување’ со починатите. Две години ќе се набљудуваат различните религиозни групи и нивните

Multikulturelles Altenheim in Duisburg

Во „Куќата на Зандберг“ има луѓе од седум нации

ритуали на простување со починатите. Потоа ќе разгледаме дали таквите обичаи можат да се спроведат и во домот.“

Дуизбуршкиот модел досега има малку наследници. Но, потребата од сениорски домови кои се отворени и за други култури ќе расте. Чисто муслимански конципираните установи се` уште имаат тешкотии да ги пополнат своите капацитети. Затоа Ралф Краузе пледира за модел на иднината во Германија, во кој ќе има и мултикултурни и чисто муслимански старечки домови. Не секој вид сепарирање значи веднаш и закана за соживотот, туку тоа е и шанса и разноликост што му прилега на едно демократско општество.

Автор: Улрике Хумел/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска