1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мултиетничка трпеза за Божик во Струга

За Бајрам, а сега и за Божик во Струга на една трпеза православни и муслимани.Три невладини организации покажаа дека во Струга може да има соживот.Обичните луѓе имаат исти желби за мир, здравје и љубов.

default

Центарот на Струга

Во Струга на улица, во училиштата, рестораните се мешаат македонскиот , албанскиот , турскиот и влашкиот јазик. Така беше и денеска во еден ресторан близу до црквата „Свети Ѓорѓи “. Мешавина од јазици, многу смеа, по некоја песна и традиционална македонска кујна. Се разбира, бидејќи е втор ден – Божик . Проектот на трите невладини организации „Езерка“, „Толеранца “и „Пунте наречен „Разликите се наша предност “ помогнат од УСАИД има за цел да ги зближи пред се’ младите, да ја намали одалеченоста , да научат повеќе за својата но и религијата на другиот покрај себе и за неговиот живот и навики.

Der Fluss Crni Drim bei Struga in Mazedonien

Реката Дрим во Струга

Секоја религија учи на љубов и разбирање ни потврдуваат отец Зоран Попоски и имамот Миќаил Османи :

„ Погрешните толкувања на политичарите се спротивни во однос на она што учат Библијата и Куранот.Учењето на православната вера пред младите од муслиманска религија предизвикува особено внимание. На приомер : градбата на црквите, нивното постоење, фреските, иконите. Се докажа до еден впечаток дека тоа е зачувување на заедничките добра на овие простори стекнати во изминативе векови .“

„ Додека ние сме добри верници , христијани и муслимани верата ќе не учи да веруваме во срцето,во душата. Да си кажеме со збор и сето тоа да го манифестираме на дело. Политиката треба да се остави настрана. Верниците се божји луѓе, чесни луѓе . И како чесни треба да не има меѓу луѓето.“

Вреди да се вложува во младите

Научивме многу едни за други, искрено треба уште многу за да се стигне до меѓусебната доверба, вели Алиса Абдулаи :

„ Децата беа многу возбудени. Некои од нив за прв пат влегоа во црква. Истото се случи и со останатите кои влегоа во џамија. Им беа интересни натписите, оџата традицијата. Се запознаа и тоа дружење остана и натаму . “

Вреди да се вложува во младите – нашата иднина.

Schule Niko Nestor

Училиштето „Нико Нестор“

Ме депримираат сознанијата дека јавноста по некои свои аршини ја дели Струга на едни и на други, како што тоа природно го прави реката Црн Дрим признава Драгица Попоска претседател на Здружението „Езерка “.

Заеднички приоритети наместо поделеност

Таа потврдува дека на нејзините сограѓани независно од полот и верата им е преку глава од етничките поделби :

„Точно реката Црн Дрим беше како граница, се надеваме дека тоа повеќе да биде. Малку ќе придонесиме за зближување , но нема тука да застанеме. Младите меѓу себе се запознаваат меѓукултурно, меѓурелигиски и од досегашните работилници и средби и нивната заинтересираност гледаме дека како да нема бариери. Бариерите беа вештачки. Го прославивме Бајрам , сега и Божик за прв пат во Струга и старите тоа го потврдуваат и ние ќе седниме на иста маса и муслимани и православни “.

Тепачките кои до лани се повторуваа во средното училиште „Нико Нестор “ а на кои им се даваше етнички призвук беа аларм за стружани да се обединат. На различни начини се обидуваат во животот да имаат сосема други приоритети, освен етничката поделеност ,

Автор: Милчо Јованоски

Рдактор: Симе Недевски